Почетна / МК Сцена / Видео | Атрактивната Сања Лефкова сними спот за песната „Врати се“

Видео | Атрактивната Сања Лефкова сними спот за песната „Врати се“

 

Сања и Томато го промовираа новиот видеозапис

 

 

Македонската поп пејачка Сања Лефкова (веќе Христова) сними нова песна и спот за истата. Се работи за песната “Врати се” чиј автор и продуцент е Александар Масевски, а акустичната гитара ја отсвири Иле Спасев. Спотот е снимен од страна на Томато продукција, а во него не се појавува Сања, туку младата Ивана Маневска која на крајот на видеото има и свое обраќање до Сања.

 

 

Песната е лесна за слушање, во смирено и интересно темпо, а претставува најава на Лефкова за новиот материјал. Инаку Сања Лефкова за македонската публика стана позната по тоа што влезе во финалистите на првите аудиции на М2, на кои победи Елена Ристеска.

Освен “Лијат години” од времето на М2, нејзина најпозната песна е “Пауза, па плеј”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Несудена“ на Деан Коцевски – рок балада која ќе ве врати во ’80-тите

Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!