Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Малта со „Прошетка по водата“ на Евровизија 2016-та

Видео | Малта со „Прошетка по водата“ на Евровизија 2016-та

 

Ira Losco – Walk On Water (Малта)

 

Малта настапува на Евровизија од 1971 година. Досега два пати имаат освоено второ место (2002, 2005 година). Имаат доста успеси на овој избор иако се уште ја чекаат победата. На 30 септември минатата година тие го потврдија своето учество за Евровизија 2016 најавувајќи го повторно истиот национален избор како и претходните години кој се оддржа на 22 и 23 февруари.

 

 

Ира Лоско победи на изборот со песната Chameleon но сепак беше одлучено таа да настапи со друга песна на Евровизија која ќе биде одлучена од страна на тринаесет члено жири составен од повеќе земји.

Ira Losco е една од најпопуларните музички ѕвезди во својата земја, а со своите 34 години има доста музичка историја. Настапувала во повеќе од 15 земји а зад себе има над 20 музички награди. Својата кариера ја започнува во бендот Tiara но се разделиле неколку месеци откако Ира ја претставуваше својата земја на Евровизија 2002 во Талин, Естонија.

 

 

Ира заврши на второто место со нумерата 7th Wonder. Има објавено четири студиски албуми. Минатата година влегува во конкуренција за Песна на Евровизија 2016 со две нумери, а победува со Chameleon која и покрај победата сепак беше сменета за друга и песната со која ќе настапува Ира годинава е насловена Walk on Water.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!