Почетна / МК Сцена / Видео | Погледнете што се случи по концертот на Bijelo Dugme

Видео | Погледнете што се случи по концертот на Bijelo Dugme

 

Ова на Авалон не им се случило 25 години

 


 

Судбината е ку*ва! После милион концерти и 25 год. кариера на Авалон, таа намести убедливо најјакиот и најемоционален момент да ми се случи после концерт. Ова е незаборавно, бесценето и покажува каков беше концертот, како си отидоа луѓето дома… едноставно… го покажа вистинското лице на комплетниот вчерашен празник. Радост!
Ова никогаш не се случило! Нема потреба да кажам: доживотен јебен авалонски гратис од мене за тој што го овековечи ова!

Бобан Милошески

 


 

Ова го напиша сопственикот на најголемата продукција на овие простори – Авалон, по вчерашниот спектакл што го приредија Bijelo Dugme. А оваа негова реакција и реакција на сите присутни на концертот беше поради еуфоријата и понесеноста кај присутните од песните на најголемиот музички екс ју бенд, а по завршување на концертот.

 

 

И токму таа понесеност можеше да се долови и на излезот од ВИП Арената каде сите заедно сплотени, пееја во еден глас. Уште еден доказ дека музиката ги сплотува луѓето, без разлика на политичка и верска определба.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!