Почетна / Телевизија / Девојчето од Бугарија ги воодушеви сите во „Пинк ѕвездички“

Девојчето од Бугарија ги воодушеви сите во „Пинк ѕвездички“

 

12-годишната Жаклин ги фасцинираше сите во студиото на Пинк

 

Поради забраната за емитување на српска музика, на македонските телевизиски гледачи им е ускратена можноста да ја следат третата сезона од музичкото шоу “Ѕвездичките на Пинк”. Минатите две сезони беа вистински хит кај нашите гледачи кои со нетрпение очекуваа да споделиме некаква вест за шоуто и да ги следат настапите на нашите кандидати во недела на Сител.

 

 

Оваа сезона и ретко кој знае кои се нашите учеснички во ова шоу, а кои го поминаа првиот круг. Покрај македонските кандидатки, во најновото издание се појави и мало девојче од Бугарија која успеа да ги фасцинира сите и која е сериозен кандидат за победа во оваа сезона.

Жаклин од Бугарија ја испеа француската песна “Je suis malade” од Лара Фабијан и доби голем аплауз и поклон од жири комисијата. Сите на свој начин се заблагодарија за спектакуларниот завршеток на првиот круг со нејзиниот настап.

 

 

– Ти благодарам многу што си дошла тука. Ти си божествена, неверојатна, како да си дојдена од друга планета. Јас не знам што пиете вие таму во Софија, но ова е најдобрата интерпретација на оваа песна која сум ја чула во мојот живот. Цела се наежив, браво – искоментира Гоца Тржан.

Во продолжение погледнете го настапот тука, затоа што нема да имате прилика на Сител, барме не во брзо време :

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …