Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 91 и 92

Одмазда – љубов и смртна казна 91 и 92

 

 Зелените и крупни очи на младата италијанка беа поллни со солзи и страв како никогаш претходно. Беше силувана, напаѓана, тепана но никогаш не беше толку исплашена како сега кога гледаше во очите на човекот чија злоба се манифестираше преку неговите црни зеници.
– Кога дојде под мој кров, требаше да знаеш дека во оваа куќа јас не простувам предаства, Кристина. Кажи ми отворено, дали вреди да умреш на клада поради болна девојка како Алис?
Наместо одговор, таа го плукна. Плуканицата беше полна со крв од разранетата уста.

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 91 – „Кристина гори на клада“

Зелените и крупни очи на младата италијанка беа поллни со солзи и страв како никогаш претходно. Беше силувана, напаѓана, тепана но никогаш не беше толку исплашена како сега кога гледаше во очите на човекот чија злоба се манифестираше преку неговите црни зеници.
– Кога дојде под мој кров, требаше да знаеш дека во оваа куќа јас не простувам предаства, Кристина. Кажи ми отворено, дали вреди да умреш на клада поради болна девојка како Алис?
Наместо одговор, таа го плукна. Плуканицата беше полна со крв од разранетата уста.
– За неа би умрела сто пати, но за тебе никогаш, – му одговори смело.
– Не ми вели дека ја сакаш, – цинично се намсевна тој, бришејки ја нејзината крв од своето лице.
– Сите се сакани освен тебе. Ти, Господарот на Темпестад, човекот од кој сите се плашат но никој не го почитува! Дури ниту твојата жена!
Силна шлаканица со сета тежина на неговата десна рака ја замолче италијанката.
– Со мене никој не разговара така, курво!
– Никој не те сака, – во агонија и со болка повтори Кристина, крвава и распната на две јажиња како најголем маченик.- Никој не те сака, сите те сакаат само мртов!
Повторно зазема став да ја удри, но се предомисли и го напушти амбарот, наредувајки му на чуварот да не пушта никого. Се упати кон куќата, кога на тремот наиде на Естер.
– Фаусто, што било со Кристина?
– Што било со Кристина, – ја праша цинично? – Од која планета си паднала, Естер? Откако таа жена дојде во куќата ја разниша целата фамилија, го растури бракот на нашиот син…
– Можеби Кристина не е светица, но нема потреба да ја казнуваш. Остави Господ да пресуди за неа.
– Јас су Господ на Темпестад и таа грешница има да плати!
– Но, што се случило? Зошто толкава омраза?
– Немаш право да ме препрашуваш ниту да ми се противиш, Естер!
– Само не сакам да направиш лудост…
– Што е сега? Велиш дека сум лудак?
– Не, само ме плашиш.
– И треба да се плашиш, Естер. Ти и сите вие треба да се плашите бидејки не знаете што ве чека!

Лукреција и Анибал одвај можеа да ја додржат Алис додека Луис Анжел ја подготвуваше инјекцијата за смирување.
– Пуштете ме! Пуштете ме, немојте да бидете соучесници на тој криминалец!
– Што поточно твојот татко сака да направи со Кристина?, – Луис Анжел го праша својот пријател. – Не разбирам што се случува.
– Татко само сака да и даде соодветна казна, ништо што би ја убило. Ајде Луис Анжел стави и ја таа инјекција, не гледаш ли во каква состојба е кутрата?, – покажа на Алисиња на креветот.
– Тој човек е ѕвер! Убиец, – на сиот глас викаше Алис, додека лекарот се обидуваше да ја смири со седативи.

Срцето на Моналиса застана за момент кога ја виде својата тетка во амбарот преку отворената врата. За момент помисли дека е мртва. Висеше безживотно врзана со двете раце за јажињата, додека локва крв и течеше од устата. Чуварот не и дозволи на девојката да влезе, но ветувајки дека ќе остане многу кратко, Моналиса успеа да влезе. Клекна на колена до својата тетка и цврсто ја прегрна.
– Смири се, тето…
– Вода…вода…
Моналиса погледна околу. Близу вратата имаше едно буре со вода, па наполни едно канче и го принесе до жедните усни на Крситина.
– Како можел да ти го стори ова газдата?, – низ солзи се прашуваше девојката.
– Малечка…Мораш да ми помогнеш…
– Биди мирна, ќе пратам човек по вујко Енцо…
– Не сум добро, – Кристина одвај ги држеше очите отворени додека од устата не престануваше да и тече крв. – Газдата рече дека ќе ме убие и знам дека е способен да го стори тоа. Рече дека ќе ме запали како вештерка…

Фаусто ги собра своите работници во дворот. Беа неколкумина но беа од доверба. Луѓе кои без скрупули беа способни да сторат се.
– Сакам да најдете што повеќе нафта! Таа жена ќе умре од оган!
Фаусто беше јасен во својата наредба. Крај него стоеше Антониета и задоволно се смешкаше.

Моналиса речиси без здив дотрча до колибата на својот вујко кај мелницата. Фалеше малку силата да ја предаде и да не стигне на време.
– Моналиса, што се случило?!
– Вујче…Енцо…Газдата…Газдата сака да ја запали тетка жива! Мораш да сториш нешто.

Последните сончеви краци влегуваа преку малите отвори во амбарот. Кристина ја предаваа и последните сили. Повеќе не ги ни чуствуваше рацете кои и беа врзани за јажето. Телото полека ја предаваше. Тонеше во сон, кога свеж млаз вода по лицето ја врати во реалноста.
– Дојде часот…одврзи ја, -Фаусто му нареди на чуварот.
– Прости ми, – во очај говореше младата жена колку и да не го мислеше тоа. Но, сега кога беше пред самата смрт, повеќе не беше толку храбра и вољна да му се спротистави на господарот. Нејзините солени солзи се мешаа со крвта.
– Не плачи вештерке, – ја прекори Фаусто. – Треба да бидеш среќна. За скоро ќе бидеш со татко ти, Сатната.
– Имај милост кон мене, – молеше, но секој збор беше залуден. Чуварот ја извлече од амбарот, а таа немаше сила во телото за да се бори, ниту да вика гласно.

Марија Грација и Моналиса стоеа во една прегратка оплакувајки ја судбината на Кристина, додека Енцо ги грабна уздите на коњот и повика по пеоните кои се топлеа покрај логорскиот оган близу бунарот.
– Педро, собери ги сите луѓе кои ги имаш…
– Што било, Енцо?
– Одиме на Темпестад да ја спасиме мојата сестра. Абелардо, дали си вооружан?
– Како секогаш, – одговори пеонот, покажувајки го оружјето на појасот.
– Да одиме тогаш, немаме време, брзо…
Се качија на своите коњи, оставајки само прашина на земјата зад себе.
Марија Грација ја зеде уште поцврсто својата ќерка во прегратка.

Кристина беше врзана на клада среде полето. Сонцето веќе беше зајдено, мрачната ноќ без месечина ја замрачуваше пампата. Луѓето на Фаусто истураа канти со нафта околу столбот каде што беше врзана младата жена.
Со фенерите во рацете, дотрчаа Рикардо, Естер, Анибал и Луис Анжел. Шокирани од крајноста до која одеше Фаусто. Се обидоа да пријдат, но вооружениот чувар им го попречи патот.
– Дали се покаа, Кристина?, – ладнокрвно ја праша Фаусто, стоејки на неколку чекори од неа. Човекот со запален факел стоеше во близина чекајки знак од Господарот да го спушти пламенот на нафтата.
– Имајте милост, газда, Ве молам, – со последни сили говореше Кристина.
– Дојде време да се покаеш за сите гревови.
– Оваа жена не знае што е покајание, Фаусто, – го слушна гласот на Антониета која стоеше крај него.
– Се каам, се каам за се, – стравот говореше од младата жена заврзана на клада.
– Факелот, Дудо, – му нареди на човекот кој го држеше запалениот факел в раце.
– Овој човек е луд, – рече младиот Луис Анжел од страна.
– Фаусто, не!, – крикна Естер.
– Подготви се да умреш!, – низ демонска насмевка и рече Фаусто на Кристина, држејки го факелот во својата десна рака. – Ќе гориш во пеколот.
Го спушти пламенот на земјата каде што огнот се спои со полиената нафта. Естер ги затвори очите и ја заврте главата. Ваквиот чин на нејзиниот сопруг беше најмонструозното нешто кое го видела во животот. Пламенот се рашири брзо по телото на Кристина. Жената врескаше од бол, додека огнот и ја печеше кожата и косата.
Во тој миг на пампата дојава Енцо со своите луѓе.
– Кристинааааа, Кристина!, – болно викаше на сиот глас трчајки кон огнот. – Вода, донесете вода! Водааа!!!
Но се беше веќе залудно. За помалку од минута Кристина веќе беше мртва. Огнот ги догоруваше остатоците од нејзинотото тело.
Болката беше неиздржлива за нејзиниот брат, да ја гледа својата помала сестра како жива гори.

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 92 – „Елиса моли“

 

Пеоните на Фаусто набрзина се ослободија од луѓето со кои Енцо беше дојден.
Италијанецот не можеше да дојде при себе. Се чуствуваше беспомошно гледајки ја својата родена сестра како умира, а тој не можеше да стори ништо иако беше толку близу до неа.
Се заврте кон Фаусто. Во себе немаше оружје но можеше да го убие со голи раце. Се нафрли на него, но Господарот го извади пиштолот од својот појас и го впери во главата на италијанецот.
Срцето на Естер која како нем сведок стоеше на страна, отчукуваше забрзано.
– Ти си ѓавол, Фаусто Кастењон! Ќе те убијам, ќе те убијам…
– Твокјата курва сетсра умре на соодветен начин, копиле.
– Несреќнику,- Енцо смело му се нафрли и почна да го дави за вратот, но Дудо успеа да го отргне натрапникот од телото на својот господар.
Енцо остана да лежи на земјата, скрешен, во солзи, со болка која му ја параше душата, додека огнот го земаше она што беше останато од неговата сестра.

Шест стотини грла стока формираа едно тело полно со живот и енергија под слабото утринско сонце. Двајца гаучоси го водеа стадото додека маглата се издигаше над пампата.
Моналиса беше заспала на каучот во колибата чекајки новости за својата тетка, додека Марија Грација ја мина ноќта на прозорецот. Беше скоро шест часот утрото кога на вратата се појави Енцо, со големи кругови под очите, суви зеници и распукана уста.
– Фратело, – крикна Марија Грација кога го здогледа.
– Нашата сорела, Марија…, – солзите течеа сами од неговите сини очи. – Кристина…
Слабиот сон на Моналиса се скрши кога го слушна разговорот. Стана од каучот гледајки ја својата мајка како немо стои пред својот брат. Марија Грација вртеше со главата со шамивче во устата и немо плачеше.
– Седни, Марија, – Енцо ја одведе својата сестра до столицата. На Марија Грација и требаше време да дојде до себе и да дојде до глас. Очите и беа крвави а телото и трепереше.
– Како е тетка Кристина, – праша Моналиса?
– Кристина е мртва, – со грутка во грлото одговори Енцо. – Ја уби Фаусто Кастењон. Беше врзана за клада, гореше како маченица…
Марија Грација го притисна своето лице со дланките, пригушувајки го плачот. Моналиса се потпре на масата за да не падне. Беше слаба.
– Ги зедов остатоците…она што остана. Ќе ја закопаме како што заслужува.
Марија Грација почна да плаче гласно. Моналиса ја зеде својата неутешна мајка во прегратка.
– Моналиса, одведи ја мајката ви соба, јас ќе се погрижам за погребот, – ја замоли Енцо.

Елиса мина низ коридорот излегувајки од својата соба. Беше време за појадок, кога низ отворената врата од гостинската соба го забележа Луис Анжел како се пакува.
– Што правиш, Луис Анжел?
– Како што гледаш, си одам од оваа проколната куќа еднаш засекогаш, – гневно одговори тој. По случувањето од сношти, никаква сила повеќе не го задржуваше да остане на фазендата.
– Не, не смееш да си одиш, – крикна Елиса инстинктно, затворајки ја вратата зад себе.
– И како ќе ме задржиш?
– Татко издаде наредба никој да не ја напушти фазендата.
– Јас не сум еден од пеоните на татко ти за да ми издава наредби што можам да правам. Си одам бидејки ова што се случува на оваа фазенда е нечуено. Се колнам дека властите од градот ќе дознаат за тоа како твојот татко убива и малтретира овде.
– Не можеш да си заминеш и да ме оставиш сама, – во еден здив изговори Елиса.
– Немам зошто да останам овде.
– Сигурен си?
– Апсолутно, – потврди тој земајки си го својот куфер. – Се надевам дека еден ден ќе сфатиш дека тоа што се случува на оваа фазенда ги надминува сите граници на рационалното.
– А што ако те замолам да останеш?,- го праша таа земајки ја неговата рака.
Тој збунето ја погледна. Не можеше да разбере од каде таа нагла желба кај Елиса за него.
– Што зборуваш?
– Луис Анжел, остани за мене. Остани.
Во нејзините очи гледаше искреност и молба.
– Бараш да останам?
– Да…Потребен си ми. Потребен си да бидеш крај мене.
– Зошто?
– Зарем не сфаќаш што чуствувам за тебе?
Тој цинично се намсевна. Како да и верува? Како да и верува на девојката која до вчера сакаше да си го одземе животот поради невозвратената љубов од друг маж.
– Елиса, те молам не си играј со моите чуства. Ти го љубиш Енцо.
– Вистина е. Не знам дали во животот ќе можам да љубам друг човек со истата сила, но сега барем сум свесна дека Енцо никогаш не бил мој…Ниту некогаш ќе биде. Сакам да љубам, сакам да бидам љубена, сакам да се чуствувам сакано…Ти си единствениот маж кој покажал дека му значам. Затоа не сакам да те загубам. Затоа те молам да останеш.
– Елиса, јас те љубам.
– Повтори ми, – воздивна таа, затворајки ги очите.
– Те љубам.
– Дали тоа значи дека ќе останеш?
– Само ако ми дадеш надеж.
– Сигурна сум дека за скоро ќе имаш големо место во моето срце, Луис Анжел.
– Ја говориш вистината?
– Да, – потврдно кимна со главата.
– Тогаш како да си одам?, – ја праша низ насмевка.
Ваквите зборови го затоплија срцето на Елиса. Го прегрна силно, додека солзи и ги влажнеа трепките.

Беше сончево претпладне кога на гробиштата во Назаре беше закопана Кристина Анџели. Малкумината присутни ја испратија својата сакана сестра и пријателка во вечниот дом.
Погребот беше без поп, бидејки локалниот пастир одби да закопа жена со минато како Кристина Амџели.
Алисиња која одвај го издржа целио погреб, на крајот клекна до гробот и фрли рака земја над сандакот.
– Се колнам дека ќе ја одмаздам твојата смрт, Кристина, – рече тивко. – Фаусто Кастењон ќе има болна смрт како твојата.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …