Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #19 |Alevosía

Предавство, епизода #19 |Alevosía

 

Анхелес иако ужива во бакнежите на Густаво и ликува што успеала да го врати назад, одлучува и бара од него да и даде време.

Иако Густаво побара од својата тетка Мирјам да не се меша во неговиот приватен живот, Мирјам успева да го најде телефонскиот број од Лусија и ја кани жената на гости.

Кога Лусија ќе дојде на село кај Мирјам, тетката на Густаво ја замолува Лусија да го остави нејзиниот внук на само бидејки тој треба да изгради врска со нејзината ќерка Анхелес.

Долгиот ден нема крај за Лусија. Враќајки се кон Гвадалахара, Лусија добива телефонски повик од својата сестра каде што Трини ја известува дека Игнасио ја побарал за жена. Лусија свесна за зависта која Трини ја има кон неа и вели дека не добила никаква битка бидејки војата помеѓу нив две била само во главата на Трини. И посакува се најубаво.

Во болницата на Анхелес и потврдуваат дека е бремена. Со радиографијата, Анхелес го посетува Густаво во клиниката и му се извинува што го одбила претходниот ден. Меѓу другото, го прашува дали е сигурен дека сака да биде само со неа и да биде татко на нивното дете. Густаво ги прифаќа условите и ја бакнува.

Во тој интимен момент ги затекнува Лусија. Повредена, Лусија не може да ги задржи емоциите. Потоа Анхелес и дофрла дека нејзината мајка не знаела како да го задржи Густаво и дека тој спиел со неа истовремено додека излегувал со Лусија.

Сесилија го теши својот брат Диего, кој по разделбата со Моника е затворен во својата соба и одбива социјализација. Дури ја одбива поканата на Сесилја да излезат во паркот.

Лусија скршена и тажна и се исповеда на Чоле за ситуацијата. И кажува дека Анхелес е бремена од Густаво и дека тоа е крај на нејзината врска со хирургот.

Анхелес му се исповеда на својот татко за целата ситуација со Лусија и Густаво. Игнасио и предлага на својата ќерка миленичка да заминат некаде на патување на неколку дена само тие двајца. Пресреќна дека ќе помине повеќе време со саканиот татко, Анхелес радо прифаќа.

Сесилија и кажува на Лусија дека Диего е депримиран поради крајот на врската со Моника. Лусија и Сесилија се договараат да му испечат торта за да го орасположат.

Игнасио доаѓа во клиниката и го напаѓа Густаво обвинувајки го дека ја завел неговата ќерка додека имал афера со Лусија. Во своја одбрана, Густаво му префрла на Игнасио да погледне околу себе и да сфати дека блиските луѓе го крадат и лажат.

Лусија и Сесилија ќе го израдуваат Диего со домашна торта и момчето за прв пат ќе покаже добра волја по долго време.

Поводен од зборовите на Густаво, Игнасио ја проверува состојбата на клиниката и сфаќа дека фалат милион долари. Го напаѓа Октавио за несовесно водење на сметките и помеѓу двајцата верни пријатели ќе дојде до голем конфликт како никогаш претходно. Во момент на лутина, Октавио му признава на својот шеф дека го краде со години идека изнел милиони долари од клиниката. 

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …