Почетна / Сапуници / Што е точно – Сител најавува едно на телевизија, а друго на сајт

Што е точно – Сител најавува едно на телевизија, а друго на сајт

Деновиве на телевизија Сител се врти промо за нова играна серија “Двоен живот”. Се работи за драмата “Babam ve aliesi”, која зборува за две фамилии на двата брега од Босфорот кои ги поврзува едно нешто – сопругот и татко на едната фамилија е сопруг и татко и на другата фамилија.

Но, на самиот сајт на телевизијата, “Двоен живот” се најавува со слика од сосема друга турска серија и тоа од акционата драма “Içerde”, каде исто главната тема е двојниот живот на главниот лик.

Која е вистинската “Двоен живот”, останува гледачите да дознаат со самиот почеток на серијата идните денови. Слична ситуација се случи и пред неколку години на телевизија Алфа, кога таа телевизија најавуваше една серија на екраните, а сосема друга на веб порталот. На крајот започна таа чија најава одеше на телевизија. Очигледно, истиот случај ќе биде и со Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!