Почетна / Филм / Вистински настан за подморницата К-19 во среда на МРТ

Вистински настан за подморницата К-19 во среда на МРТ

Кога првата нуклеарна подморница во Русија ќе се расипе на нејзиното прво патување, екипажот мора да биде брз за да го спаси бродот и да спречи нуклеарна катастрофа. Во трка за воена надмоќ, руската влада лансира нефункционална нуклеарна подморница K-19.

Филмот успева да ја евоцира ладнокрвната параноја, клаустофобичната напнатост својствена на подморничките драми и карактерна мозаичност на мала социјална средина соочена со извонредни околности. Филмот е снимен на локации во Канада, Русија и Исланд.

Станува збор за екранизација на вистински настани од 1961 година за кои се дознава дури дваесет и осум години подоцна. Акциониот и воен сегмент на овој филм беспрекорно е реализиран, па „Тајната на подморницата К-19“ е од оние наслови кои не се пропуштаат и се визуелно атрактивни.

Во 1961 година, две светски велесили-САД и СССР, водат жестока трка во вооружување. САД располага со нуклеарни подморници чија цел се Москва и Ленинград. За да се воспостави рамнотежа, советскиот војно-политички врв забрзано подготвува да лансира сопствена нуклеарна подморница наречена К-19.

Но, таа во технички смисол се уште не е подготвена за прва пловидба на која инсистира капетанот Михаил Поленин (Лиам Нисон). Занемарувајќи ги неговите предвидувања, војниот врв на чело со маршалот Зеленцов (Акланд) поставува нов заповедник на подморницата Алексеј Востриков (Харисон Форд) доделувајќи му го Поленин за заменик. Иако во почетокот се чини дека Поленин претерува со предупредувањата, проблемите со реакторот го доведуваат екипажот во ситуација од нивната способност да зависи светскиот мир.

Во режија на жена режисер Кетрин Бигелоу, добитник на Оскар во 2010 година, К-19 WIDOWMAKER е со исклучителни актери: Харисон Форд, Лиам Нисон, Сем Спруел, Питер Стебингс. Среда, 27 септември 2023 година на МРТ 1 во 20.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!