Почетна / Телевизија / Ексклузивно, нова сезона на „Јас имам талент“ во Македонија

Ексклузивно, нова сезона на „Јас имам талент“ во Македонија

 

Наскоро “Јас имам талент” – нова сезона на лиценцираното шоу

 

Покрај популарните “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”, српската телевизија Пинк за следнава сезона најавува почеток на нова сезона од светскиот формат “Got talent”, во регионална верзија – “Ја имам таленат”. Креатор на ова британско шоу е познатиот Simon Cowell, а целта е да се избере најталентираниот пријавен кандидат.

 

 

Право на учество имаат сите што можат да покажат некаков талент во пеење, играње, свирење, гимнастика, акробации и друго.

Пријавувањата во Србија се во тек, а во другите земји во регионот започнуваат наскоро. Македонија како и првите две сезони, така и оваа, ќе биде дел од ова регионално шоу кое ќе се емитува на Пинк каналите во Србија, Црна Гора, Босна и на една наша македонска телевизија.

 

 

Продукцијата на регионалната верзија ја работат Request Production и Adrenalin, а како и кога да се пријавите, ви откриваме наскоро. Не заборавајте, оваа есен… ново дружење и нова забава со светски популарното шоу во балканска верзија.

 

 

Покажете ги своите таленти. Пријавете се во најголемото талент шоу во светот. Бидете храбри и испробајте си ја среќата. Несомнено, не’ очекува најголемото шоу оваа есен.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интервју со Владимир Кличко во централните вести на Канал 5

Денес (29. април) во Вестите во 18 часот на Канал 5 гледајте ексклузивно интервју со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!