Почетна / Серии / Уште една реприза на драмата „Господин Селфриџ“ на Телма

Уште една реприза на драмата „Господин Селфриџ“ на Телма

 

Од перото на Ендрју Дејвис започнала приказната за “Mr Selfridge”

 

На местото на “Friends”, во попладневните термини на Телма ќе се репризира уште еднаш британската серија “Господин Селфриџ”. Термините не се секогаш точни, но варираат од 13.30 до 14.50 часот.

 

 

Од серијата се снимени четири сезони, а на Телма се емитуваа три. Дејството на Селфриџ е сместено во почетоците на 20 век во Лондон, време кога жените се препуштаат на задоволствата што им ги донела новата ера и новопечените слободи. Па така, во славната лондонска улица Оксфорд, Хари Селфриџ ги отвора вратите на својата стоковна куќа и на тој начин решава да им удоволи на сите припаднички на понежниот пол, да покаже почит и вредност.

 

 

Низ призмата на иновацијата која Хари ја промовира во стоковната куќа, приказната разоткрива неописиви моменти од женската историја, било да се работи за мода, козметика, технологија или домаќинство. Неговиот живот е слика на тоа време. Во слободните денови бил коцкар, потоа среќно се оженил, но продолжил да ужива во гламурозните пејачки и филмски ѕвезди на тоа време. Бил неверојатен женкат, а животот го живеел во петта брзина. Животот му се менува кога неговата сопруга Роза умира во првата епизода.

 

 

И сега, кога останува без жената, му останува неговата стоковна куќа, па затоа тој целосно се посветува на неа. Во негото малопродажно место, сите може да си најдат по нешто. Тоа е збир на ексцентрични, модерни и традиционални луѓе, кои се водат по неговото мото – дека купувањето треба е подеднакво добро како и сексот.

 

 

Ова е сторија за екстравагантниот и визионерски натроен американски претприемач, но и за неговото семејство, чии драми и проблеми ќе го окупираат вниманието на Хари Селфриџ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд репризa на аргентинската серија „Маргиналец“ на МТВ 1

Петок, сабота и недела по 23 часот, МТВ 1 ќе репризира уште еден полициски процедурал. …