Почетна / Живот / Еуроспорт го објави првото видео како најава за ЗОИ 2018

Еуроспорт го објави првото видео како најава за ЗОИ 2018

 

Со помош на проширената реалност (augmented reality) и податоците, Еуроспорт креираше серија кратки филмови со кои се даваат техничките објаснувања на зимските спортови и прикажуваат како најдобрите спортисти во светот ги имаат освоено златните медали. Најлесна дисциплина во зимските спортови? Не. Највозбудлива? Дефинитивно! Со обележувањето на 100 дена до Зимските олимписки игри, Еуроспорт го објави првиот во низата кратки филмови од серијата – Sport Explainer. Започнуваме со скелетон.

 

 

 60 секундното видео од кое застанува здивот е поделено на три дела- бодување, основи и броеви- и со технологијата на проширена реалност и податоци има за цел да ги едуцира гледачите. Ова е повик за сите да го следат овој возбудлив спорт во текот на зимската сезона и секако на Зимските олимписки игри.

 Sport Explainer видеото нуди фацинантен увид во самата дисциплина, на гледачите им објаснува како натпреварувачите во скелетон ги држат главите на само 5 см од ледот за да постигнат оптимален ритам, а нивната брзина на стазата достгнува до неверојатни 146 км/ч.

 

 

 Секој момент од машкото и женското натпреварување во скелетон од Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, љубителите од Европа* можат да го следат на 15,16 и 17 февруари на Еуроспорт и Еуроспорт плеер. Sport Explainer видеото за скелетон е првото во низа од 100 кратки филмови кој Еуропорт ги креираше за подобро разбирање на зимските спортови.

 

 

Видеото може да го погледнете на официјалната страна на Еуроспорт на facebook :

https://www.facebook.com/pg/Eurosport/videos/?ref=page_internal

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Малата Пинкова ѕвездичка порасна – Трајче стана матурант

Сигурно се сеќавате на Трајче Георгиев, првиот македонски кандидат во “Ѕвездичките на Пинк” кој токму …