Почетна / Серии / Откриваме како настанаа „Комшиските приказни“ на Алфа телевизија

Откриваме како настанаа „Комшиските приказни“ на Алфа телевизија

 

Кои се “Комшиските приказни” и кој ги создаде?

 

 

Телевизиската серија „Комшиски приказни“ го потврдува живиот дух на македонските традиционални приказни, кажува Алфа за нивната нова домашна продукција. Приказните се исечоци од животот, од богатиот живот на народот на овие простори и со свои универзални пораки.

 

 

Веќе подолго време македонските народни приказни се креативно и поттикнувачко јадро и за современата телевизиска продукција.

Алфа телевизија тргна од тие постулати и ги зеде најкарактеристичните и најтипичните ликови од македонските приказни кои живеат во стории што се раскажуваат со векови и низ кои блика народната мудрост и поука.

 

 

Неколкумина млади сценаристи, како што се Елена Стојановска, Весна, Владо Младеновски, Димитар Банов и Марина Јовановска, потпомогнати од поискусните Стево Симски и Зоран Бојаровски, облекоа во современо руво 40 стари македонски приказни да ја откријат безвремената димензија на народното творештво.

Во режија на искусниот Драган Вељановски, во главните улоги настапуваат веќе докажаните Магдалена Ризова, Кирил Андоновски, Диме Коцевски, Благица Ристов, Винета Дамческа, Ердоан Максут, Теоман Максут, Марија Ѓоргијоска, Никола Колев, Андреа Голуб, Љупчо Ангеловски, Дарко Богески…

 

 

Монтажата му припадна на Синиша Илијески, а во продукцијата на оваа серија учествуваше речиси целокупниот креативен потенцијал на Алфа ТВ.

Приказните од животот се емитуваат секој работен ден, од понеделник до петок во 20 часот и за викенд, во сабота и недела во 19 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Магнум“, акциона серија на Сител за приватниот детектив од Хаваите

Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!