Почетна / Живот / „Harley-Davidson“ – најочекувана премиера на Дискавери за 2016-та

„Harley-Davidson“ – најочекувана премиера на Дискавери за 2016-та

 

“Харли и Дејвидсонови” – секоја недела во 22 часот на Discovery Channel

 

Долгоочекуваната мини серија на Дискавери каналот, „Харли и Дејвидсонови“, премиерно ќе се прикаже во недела, 18 септември во 22 часот. Серијата се состои од три двочасовни дела, а второто и третото продолжение се на програмата на 25 септември и 2 октомври во истото време.

 

 

Харли-Дејвидсон е повеќе од мотоцикл и патот до успехот на тројцата пријатели Валтер, Артур и Бил не бил лесен- исполнет со безброј препреки, немилосрдна конкуренција и ризик. Трите момчиња, синови на имигранти од работничката класа, вложиле сè што имаат за да го осигураат опстанокот на компанијата која ја основале. Но, колку далеку биле спремни далеку да одат за да го остварат американскиот сон? „Тоа е возбудлива вистинска приказна кој совршено одговара на Дискавери каналот“, рече Рич Рос- претседател на групацијата Дискавери, Анимал планет и Сајанс каналот.

 

 

„Тоа е приказна за братството, силната желба за успех и борбата против конвенционалните норми на тоа време. Основачите на Харли-Дејвидсон имаат создадено повеќе од мотоцикл. Тие го имаат создадено првото модерно претприемништво. Заснована на вистинска приказна, серијата го прераскажува раѓањето на овој култен моторцикл во време на големи друштвени технолошки промени на преминот на 20-тиот век.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!