Почетна / Забава / Евровизија / Македонија не влезе во финалето на „Евровизија“

Македонија не влезе во финалето на „Евровизија“

 

И покрај големиот оптимизам на Македонците, нашите Есма и Лозано не се пласираа во големото финале на евровизиската вечер во Шведска. Со завршувањето на втората полуфинална вечер и официјално можеме да утврдиме дека годинава, „Евровизија“ целосно ја избриша Југославија од листата на земји учеснички.

 

 

Квалитетните вокални способности на двајцата наши пејачи очигледно не беа доволни за да добиеме билет и за третата евровизиска вечер или сепак политиката повторно вмеша прсти. Како и да е горди сме на она што го видовме вечерва, горди сме што имавме пристојни претставници, а не болни дракули, дрогирани скокачи или старци што не знаат каде се наоѓаат!

Финалето на „Евровизија 2013“ ќе се одвива во сабота на 18 мај. Според многумина, ова е најнеатрактивното издание на фестивалот во секој поглед.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!