Почетна / Забава / Видео | Марија Шерифовиќ со нова емотивна песна „Дел од минатото“

Видео | Марија Шерифовиќ со нова емотивна песна „Дел од минатото“

 

Нова песна со спот за членот на Гранд жирито

 

Марија Шерифовиќ промовираше нова песна со спот – “Deo prošlosti“. Поп пејачката во спотот кој го изработи IDJ Videos, ни ја прикажува емотивната болка што на човек му се случува, дури и тогаш кога е на врвот на професионалните успеси. Во кадрите на спотот се гледа дека по успешниот концерт, пејачката со друштвото оди на афтер парти каде не може да ја совлада тагата.

 

 

– Можеби некои ќе забележат дека спотот нема врска со песната, но она што сакавме да го прикажаме е како сето тоа што човек ќе го постигне во животот е занемарливо без саканата личност и тогаш посакува се’ oколу него засекогаш да застане – објаснува Шерифовиќ.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ – сценска изведба во „Литература“

Во продукција на „Музичка кутија“, овој петок (27 декември) во „Литература“ во Дајмонд мол, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!