Почетна / МК Сцена / Apocalyptica performing Metallica by four cellos во Скопје!

Apocalyptica performing Metallica by four cellos во Скопје!

 

За фановите на Апокалиптика и Металика

 

Авалон со огромно задоволство ни го најавува нивниот прв голем проект за 2017-та година – една од најжестоките светски лајв атракции Apocalyptica доаѓа во Скопје!

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година.

 

 

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.  

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

 

 

Поради фактот што минатиот пат салата во СРЦ Кале беше претесна, овој пат спектаклот се сели во ВИП Арената. Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …