Почетна / Живот / Познатиот слаткар Бади Валастро во посета на Хрватска

Познатиот слаткар Бади Валастро во посета на Хрватска

 

Шефот на слаткарницата “ од среда, 19 октомври во 20 часот на ТЛЦ

 

Бади Валастро и неговиот тим вклучувајќи ги и неговите четири сестри, два зета и братучеди, се враќаат со осма сезона на „Шефот на слаткарницата“ на ТЛЦ. Секоја епизода вклучува возбудливи нови проекти за слаткарскиот тим од „Пекарницата на Карло“, па секако се очекува и драма. Со повеќе обврски од било кога, Валастро тимот работи напорно за да ги задоволи лојалните клиенти, како и ѕвездите и познатите од целиот свет. Најпознатиот слаткар во Америка, продолжува да го остварува татковиот сон правејќи ја пекарницата најпознатото име во слаткарскиот свет.

 

 

Пред почетокот на новата сезона која започнува на 19 октомври на ТЛЦ, Бади за прв пат ќе ја посети Хрватска денес за да ја избере најубавата хрватска торта. На 17 и 18 октомври, славниот слаткар ќе учествува во изборот на најубава торта со хрватски мотиви. Најдобрите 10 пријави се натпреваруваа јавно за влез во финале, а победничката торта ќе ја прогласи токму славниот слаткар на големиот настан денес во 18 часот во City Center One West во Загреб. Бади Валастро е среќен за доаѓањето на Балканот и за можноста да се запознае со луѓето кои ги инспирира.

Бади и неговото семејство се дел од ТЛЦ веќе неколку години. Значајно е да се види семеен бизнис кој постигнува таков успех. Оваа сезона е спакувана со многу повеќе хумор, драма и емоции од било која претходно. Со светски познати клиенти кои тортите од соништата ги нарачуваат кај семејството Валастро, сезоната е загарантирано добра!

 

 

За Бади Валастро мешањето јајца, шеќер и брашно значи повеќе од „обично“ правење на колачи. Како слаткари од четврта генерација, тоа е постојан извор на уживање, гордост и креативност. Подготвувањето и декорирањето на неверојатни торти, го поврзува Бади со сеќавањето за неговиот татко и неговото италијанско потекло. Неговиот талент и страст за семејниот бизнис покрај титулата експерт за торти, му ја донесоа и главната улога во серијалот „Шефот на слаткарницата“.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во печат излезе новата поетска збирка „Семки“ на Ристо Маџунков

Неодамна во издание на литературното списание „Современост“ излезе од печат поетската збирка „Семки“ со 60-на …