Почетна / Серии / Серијата за хрватските спасувачи „Гора“ репризно ова лето на Телма

Серијата за хрватските спасувачи „Гора“ репризно ова лето на Телма

Во срцето на драмската серија „Гора“ е тим планински спасувачи чии постапки, како и нивните приватни животи, имаме можност да ги следиме во 22 епизоди. Во секоја епизода, тие се занимаваат со нов случај на пребарување и спасување, честопати вклучувајќи нелегални активности, природни катастрофи, небрежност и невнимание, но и полесни теми како што се вечно неподготвените туристи.

Но, нашите херои, покрај тоа што спасуваат животи и спречуваат големи несреќи, имаат и лични проблеми, луѓето се во тешки животни ситуации, отуѓени, осамени, а на некои им е тешко да побараат помош…

Хероите на „Гора“ живеат во Горски Котар, каде што е сниман поголемиот дел од серијата, со храброста и жртвата на тимот спасувачи.

Секоја епизода има нов случај за потрага и спасување, но и приказни за приватниот живот на јунаците. Сабота и недела на Телма, околу 17 часот – репризни изданија на “Гора”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската воена серија „Светот во пламен“ репризно на Телма

Воена серија во 13 продолженија репризно на Телма во 22.15 часот од вторник (25 август), …

error: Содржината е заштитена!