Почетна / Живот / Документарецот снимен 16 години премиерно на Discovery

Документарецот снимен 16 години премиерно на Discovery

 

Лавовите од резерватот Саби Сенд: Браќа по крв

 

На 1 ноември (недела) во 20 часот на каналот Дискавери ќе биде премиерно емитуван двочасовниот документарец – Лавовите од резерватот Саби Сенд, браќа по крв, кој ја следи приказната за петте браќа лавови од легендарнара Малого заедница која живее во Јужна Африка.

Лавовите во текот на 16 години се снимени од професионалци и аматери во Саби Сенд резерватот и го документираат моментите од нивното раѓање па се до моментот кога стануваат опасни мажјаци кои се борат за превласт. Во обидот за контрола над огромно подрачје, во меѓусебните двобои страдаат повеќе од 100 лава.

 


 Оваа приказна  е надополнета и со снимки од очевидци и изјави од мештани кои имале можност да го следат однесувањето на чопорот и борбата за власт.

Се чини дека лавовите по сложеноста на своето однесување се слични на луѓето. Филмот открива и изненадувачки софистициран облик на власт и одредена доза на политика во однесувањето на лавовите.

 


 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

 

 

      

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …