Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Концерт за светскиот ден на хармониката за Илинден на ТВ 24

Концерт за светскиот ден на хармониката за Илинден на ТВ 24

Во организација на македонското здружение „Љубители на класичната музика“, во мај се одржа свечен концерт по повод меѓународниот проект „6 Мај – Светски ден на хармониката“ во НУ Филхармонија. Во 2009 година, Светската унија на хармоникашите донесе одлука 6 Мај да го прогласи за Ден на хармониката, бидејќи на тој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.

Оваа манифестација за првпат беше предложена и организирана по повод 180-от роденден на хармониката. Почнувајќи од 2011 година, свечениот концерт по повод 6 Мај е финансиски поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес.
Композиции од Семјонов, Золотарјов, Зубицки, Моцарт, Пјацола, Бете Илин и други ќе може да слушнете за големиот празник Илинден на ТВ 24 во 15.45 часот.

Како и секоја година, така и оваа беше изведено дело од македонски композитор. Претседателот на Светската унија на хармоникашите, г. Мирко Патарини од Италија, премиерно изведе дело од македонската композиторка Бете Илин, насловено „Дафино“, a инспирирано од прекрасната македонска народна песна „Дафино вино црвено“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Позитивна енергија во етерот со новата сезона од „Утринска на Телма“

Симпатично, лесно, урбано, динамично, типично за Телма. Нашите утринци – ваша позитивна енергија во етерот. …

error: Содржината е заштитена!