Почетна / Сапуници / Видео | Актерот од „Забранета љубов“ со нов летен латино хит

Видео | Актерот од „Забранета љубов“ со нов летен латино хит

 

Латиноамериканскиот заводник од серијата на Сител со нова песна

 

Џан Карлос Канела е американски актер и пејач, познат за македонската публика по главните улоги во теленовелите “Диабло” и “Моето срце чука за Лола”. Ова лето, тв гледачите повторно го гледаат во главна улога и тоа во тв новелата “Забранета љубов”, која се емитува на Сител телевизија секое утро во 10.30 часот. 

 

 

Во серијата, Џанкарлос го толкува ликот на Бруно, згоден и богат плејбој кој се вљубува во жената на неговиот ценет чичко. Во следните епизоди на серијата, гледачите ќе може да уживаат во нови пресврти во куќата на семејството, да бидат сведоци на тајната љубов на младите љубовници и да уживаат во нови романтични мигови. Најжешките и забранети сцени на актерот ви следуваат токму ова лето на Сител.

 

 

Oсвен актерството, Канела е познат во латино светот и по многутте хитови. Неговата најнова летна песна “Piel morena”, заедно со видеоспот ја објави неодамна. Песната е веќе подолг период подготвувана, и е во реге и летен ритам. Актерот признава дека го обожува реге звукот и дека токму Боб Марли, кралот на регето, е еден од неговите најомилени пејачи.

 

 

Овој период наголемо Канела го подготвува неговиот нов албум и е целосно посветен на музиката, па затоа и нема време многу за љубов. По разделбата со неговата бивша девојка Габи Еспино (партнерката од “Диабло”), за актерот нема никаква шпекулации за нова љубов. Со Габи го имаат синчето Николас.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!