Почетна / Забава / 1500 денари за ексклузивниот концерт на Енрике во Скопје

1500 денари за ексклузивниот концерт на Енрике во Скопје

 

Енрике во Скопје – погледнете ги цените на билетите

 

Како што веќе најавивме, концертот на Enrique Iglesias што ќе се одржи на 20-ти јуни во СЦ „Борис Трајковски“ го има предзнакот Суперексклузивен затоа што станува збор за концерт со најмал капацитет од сите простори кои Enrique во последниве десетина години настапувал низ светот. И покрај тоа, цените на влезниците кои ги одреди Авалон продукција се далеку поевтини од било кој концерт во земјите од Европа каде има арени со капацитет од 18.000 посетители.

 


 


Продажбата на влезници ќе почне од понеделник, точно во 09 часот на сите продажни места на Купи карти за се и Тикет Плус, како и онлајн, по следниве категории:

– GOLDEN PIT PARTER- 1.500 денари (поради бината која има испуст од 17 метри и гледачот ќе има ексклузивна можност да го гледа Enrique Iglesias од блиска позиција).
– ТРИБИНА (на седење, нумерирано) 1.990 денари
– GOLDEN SEATS TРИБИНА (на седење, нумерирано) 2.600 денари
– VIP 3.100 денари

 

Со оглед на малиот капацитет на салата, влезниците се без конкуренција најефтини од цела негова турнеја.
Првиот светски артист од А листата на изведувачи кој воопшто дошол во Македонија, доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“…, кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …