Почетна / Телевизија / ТВ Пакет пофалба : Телма со уникатен избор на програма за Нова Година

ТВ Пакет пофалба : Телма со уникатен избор на програма за Нова Година

 

“Rock of ages” и Дејвид Боуви на Телма за Нова Година

 

Покрај многутте репризи на стари новогодишни програми на другите телевизии, Телма успеа да склопи и емитува квалитетна програма и на новогодишната вечер. Оригинална новогодишна програма, мора да признаеме и пофалиме.

 

 

По централниот новогодишен дневник, следуваше новогодишно издание на “Еден на еден” со Жаре во кое ексклузивно интервју даде македонскиот романтичар Владо Јаневски.  Потоа следуваше светска музика интерпретирана од светски изведувачи. Програмата ја водеа Цеце и Гоце од утринската на Телма, а за почеток го најавија Дејвид Боуви и “Let’s dance”.

 

 

Покрај топ музичката селекција која ја направи Телма, новогодишното расположение го надополни и со комичниот мјузикл “Време е за рок” (Rock of ages) со Том Круз во главната улога. Во мјузиклот се изведуваат светски рок класици како The final countdown, Hit me with your best shot, Keep on loving lou, Here I go again, I want to know what love is, Waiting for a girl like you, We built this city/Too much time on my hands, I wanna rock, Paradise city и многу други.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …