Почетна / Серии / Теленовели / „Парампарче“ репризно на Алсат телевизија за албанските гледачи

„Парампарче“ репризно на Алсат телевизија за албанските гледачи

 

Турската серија репризно на Алсат телевизија со албанска надсинхронизација

Турската хит серија “Парампарче” со голем успех се емитуваше на Сител телевизија минатата година, а воедно беше и најгледана телевизиска програма во Македонија и кај албанската популација кои ја следеа преку фреквенцијата на Алсат М телевизија.

 

 

Главните актери ги толкуваа едни од најголемите турски актерски имиња – Еркан Петекаја (“Бурни времиња”, “Дила”) и Нургул Јесличај (“Љубов и казна”), во улогите на Ѓулсерен и Џихан.

 

 

Освен интригантната приказна и одличната актерска екипа, серијата ја карактеризираше и високобуџетната продукција во која е вклучена врвна екипа. На продукцијата работеле по 130 луѓе, во постојани улоги се појавуваат околу 30 глумци, во споредни улоги околу 20, статисти со број над 300, а во секоја епизода може да се забележат околу 27 различни локации на снимање. Покрај главните локации кои ги вклучуваат куќата на Ѓулсерен и луксузната отоманска вила на Џихан покрај Босфорот, се користеле уште 14 дополнително изградени сетови, а се снимало и во бројни паркови во Истанбул, ресторани, болници, затвори.

 

“Парампарче” беше сторија за две несреќни судбини чии два различни света повторно се вкрстија; од една страна е светот на сиромашната и самохрана мајка, а од друга несреќниот свет на богатиот и оженет бизнисмен.

Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено.

 

 

Сплетките во животите на Дилара, Џихан, Харун, како и нивните деца … репризно за албанските гледачи на телевизијата Алсат. Од понеделник до петок во 13 часот, реприза на последната сезона од турската драма “Парампарче”, односно “Преплетени судбини” како што беше преведена на таа телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие имиња ја изведуваат песната за новата хрватска серија

На Сител телевизија стартува новата хрватска успешница “На граница” која ќе се емитува секоја вечер …

Leave a Reply