Почетна / Сапуници / ТВ Времеполов | Се сеќавате ли на серијата „Sweet Valley High“

ТВ Времеполов | Се сеќавате ли на серијата „Sweet Valley High“

 

1999 година – вечерна серија на Телма за тинејџерските авантури

 

 

Далечната 1999 година, телевизија Телма ја емитуваше американската тинејџерска серија “Гимназија – Слатка долина”. Многумина од вас можеби и ќе се присетат на оваа тин сапуница во 88 продолженија која ни го прикажа животот на тинејџерите во гратчето Слатка долина во Америка.

 

 

Во центарот на настаните беа близначките Елизабет и Џесика, кои многумина ги знаеја како мирната и бунтовната сестра од “Гимназија Слатка долина”.

 

 

Сите згоди и незгоди на средношколците во Слатка долина беа поврзани токму со двете сестри близначки, кои го привлекоа вниманието на гледачите.

 

 

19.45 часот беше терминот на оваа серија на Телма, а во продолжение погледнете интересен исечок од тогашното списание “Екран” во кое ја најавуваа серијата.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од сега, турската серија на Алфа ќе се емитува во 23 часот

Од денеска, телевизија Алфа го менува терминот на емитување на турската надсинхронизирана серија. Приказната за …

error: Содржината е заштитена!