Почетна / Серии / Теленовели / Погледнете со каква убавица е женет актерот од „Фамилијата Реј“

Погледнете со каква убавица е женет актерот од „Фамилијата Реј“

Аргентинскиот актер Мишел Браун стекна светска слава благодарение на улогата на еден од браќата во теленовелата “Скриени страсти”, емитувана одамна и кај нас на А1 телевизија.

По успехот кој го доживеа серијата, челниците на најголемите латиноамерикански продукции му понудија и главни улоги во следните хит новели како Научи ме да сакам, Љубов на продажба и Љубов до смрт, кои исто така беа емитувани на македонските телевизии.

Од минатата недела, македонските гледачи го следат и во новото “шпанско” остварување – интригантната семејна драма за “Фамилијата Реј”. Од понеделник до петок наутро, девојките повторно плакнат очи на овој синоок убавец на Сител телевизија.

Но, во приватноста, актерот е женет со исто така позната латино актерка. Маргарита Муњоз е негова сопруга, инаку позната по улогата во “Богати и сиромашни”.

Овие убави лица секојдневно ги красат насловните страни на латино магазините, а фановите се среќни со секоја нивна заеднички објавена фотографија.

И покрај тоа што се 11 години разлика, сепак Мишел и Маргарита секојдневно уживаат во нивната љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се разоткрие ли убиството кое донесе „Подарено срце“?

И вечерва на Сител, нова епизода од љубовната драма за едно “Подарено срце”. Приказната за …