Почетна / Сапуници / Следува последната сезона од мега хитот „Бегалка“ на Сител
22.40 ЧАСОТ - ПОСЛЕДНИ ЕПИЗОДИ

Следува последната сезона од мега хитот „Бегалка“ на Сител

Во вообичаениот ноќен термин на Сител, следете ги завршните авантури на бегалката за која започнува нов живот по смртта на човекот кој ѝ нанесе многу зло и ѝ остави многу рани.

Доаѓа време за да се излечат раните и да се продолжи понатаму, по сета болка и тага што ги доживеа младата Нефес, бегајќи од суровиот Ведат, бегајќи од неговата свирепост и насилство кое го трпеше со години.

Долга и мачна беше битката на бегалката да се сокрие од оној кој цело време ѝ стоеше зад петици. Од оној кој ја бараше и под дрво и под камен. Но, за среќата на своето дете, бегалката мораше да се жртвува, да бега и да се крие, да сонува и да се надева, да живее со мислата дека никогаш повеќе нема да ги доживее истите кошмари.

Сега, откако злото не е повеќе меѓу нив, ќе следува ли конечно мир за бегалката и нејзиното дете? Ќе може ли таа да продолжи понатаму, заборавајќи го своето болно минато? Ќе може ли Нефес да ги избрише солзите кои ги лееше со години и да спие мирно, знаејќи дека тој повеќе не е тука?

Покрај неа и понатаму ќе биде Тахир, нејзината најголема љубов и поддршка. Тоа е човекот кој неизмерно ќе ја брани Нефес и понатака, борејќи се храбро за нив, борејќи се храбро и за бизнисот од кој опстојуваат.

Но, појавувањето на Генџо Тамар ќе ја промени насоката на работите и ќе донесе немир каков што никој не очекуваше.

Злото сега има ново име и нов лик, а опасноста која следува ќе биде уште поголема за семејството Калели. Бегството овој пат не може да биде решение.

Потребна е голема храброст да се застане очи в очи со страшниот негативец и да се победи злото во финалната сезона на “Бегалка”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Одблиску со Јованка и Елена од „Балканска приказна“

Серијата која во моментов се прикажува на Сител со нејзините последни епизоди, предизвика голем интерес …

error: Содржината е заштитена!