Почетна / Серии / И повторно репризи во прајмтајм на Телма – време за „Чесна жена“

И повторно репризи во прајмтајм на Телма – време за „Чесна жена“

 

“The honourable woman” репризно на Телма

 

Серијата премиерно се емитуваше минатата година, а од тогаш веќе беше репризирана минатото лето. Стандардно, репризи на Телма и ова лето. “Чесна жена” секоја вечер во 20.50 часот репризно на Телма, и тоа по половина епизода дневно. Потсетете се на содржината :

Неса како млада девојка била сведок на убиството на нејзиниот татко кој бил убиен од вооруженото крило на Палестинската ослободителна организација. Денес, во нејзините доцни триесетти, таа води мировен процес на Блискиот Исток залагајќи се за рамноправност . Истовремено и идеалистка и прагматична, Неса целиот свој живот неуморно работи на воспоставување пријателски односи меѓу Израел и Палестина.

 

 

За својот труд во таа област, наградена е и со призната оопштествена титула во Велика Британија – титула на бароница, добиена од Британскиот Парламент. Но, откако ќе потпише договор со еден палестински бизнисмен, новопечената бароница ќе мора да се бори со силите кои ќе се здружат против неа. По некое време, бизнисменот е убиен, и Неса и нејзиниот брат ќе се најдат на удар на истрагата на британската влада и тајните служби.

 

 

“Чесна жена” е приказна за жената која ќе се обидува да се искупи за гревовите од минатото, серија за паранојата на владејачките структури и нивните склоности кон шпионирање, мито, корупција и криминал. Од закулисни игри на владините установи до подеднакво интригантни случувања во приватниот живот на Неса кои откриваат поврзаност на нејзиното семејство со британскиот политички врв, агенцијата MI6, ЦИА итн.

 

 

За улогата на чесната жена, актерката Maggie Gyllenhaal има освоено Златен глобус за најдобра женска улога во мини серија. Актерот кој го толкува нејзиниот брат, пак, во 2015 година има освоено БАФТА за најдобра машка споредна улога, а серијата е призната од новинарите во В. Британија и за најдобра драмска мини серија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!