Почетна / Серии / Телма репризи – по којзнае кој пат повторно сплетки со Дел и Родни

Телма репризи – по којзнае кој пат повторно сплетки со Дел и Родни

 

Ситком со реприза во попладневни часови

 

По којзнае кој пат, Телма телевизија ќе ја репризира култната “Сплетки” околу 14.30 часот. “Сплетки” (Only fools and horses) е една од најпопуларните британски ситкоми, напишана од Џон Саливен, и емитувана на BBC помеѓу 1981 и 1991, а со повремени Божиќни специјални епизоди серијата трае до 2003.

 

 

Насловот на серијата е заснован на старата англиска поговорка “Only fools and horses work (for a living)” (“Само будалите и коњите работат за живот”), што е референца за избегнувањето на работата и данокот од страна на главните ликови. Насловната песна ја напишал и отпеал Џон Саливен.

Дејството е сместено во Пекам, Лондон. Главните улоги ги имаат Дејвид Џејсон како амбициозниот трговец Дерек “Дел Бој” Тротер, Николас Линдхерст како неговиот помлад брат Родни и Ленард Пирс како нивниот дедо во поодминати години (и подоцна Бастер Мерифилд како чичко Алберт). Во серијата има и повеќе одлични споредни улоги. Серијата го прикажува животот на браќата, со сите незгоди и успеси, особено нивните обиди да станат богати.

 

 

Серијата ја има накленоста како на јавноста, така и на критиката. Освоила повеќе награди, вклучувајќи признание од Британската академија, Национална телевизиска награда и Кралското телевизиско друштво, а истотака им помогнала на Саливен и Џејсон да освојат многубројни индивидуални признанија. На врвот на својата популарност, серијата имала 20 милиони гледачи само во Велика Британија. Избрана е за најдобра британска хумористична серија во една анкета на BBC во 2004.

Улогите ги толкуваат Дејвид Џејсон, Николас Линдхерст, Ленард Пирс, , Бастер Мерифилд, Роџер Лојд-Пак, , Џон Чалис и др.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!