Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #049 | ARDIENTE PASION

ВРЕЛА СТРАСТ, #049 | ARDIENTE PASION


 

49то продолжение

 

–          Како се викаш?, – праша подигнувајки ја главата од хартиите.

–          Диего Рентеира, – одговори со искарикиран машки глас.

–          Рентеира, – повтори Тристан. – Ова име го измисли за да те вработам, така? Сигурно добро ја знаеш приказната за Мелчор Рентеира како и сите во селово, па одлучи да играш на таа карта?!

–          Ништо не измислувам. Овде сум бидејки ми треба работа.

–          Сигурен сум дека знаеш кој беше Мелчор Рентеира? Човекот кој некогаш беше сопственик на овој рудник, човекот кој го загуби животот во истиот…

–          Го познавав подобро од било кој. Неговата смрт мене најтешко ми падна. Мелчор Рентиеира ми беше дедо!

Тристан остана стаписан од ваквата изјава. Пријде до малдиот човек и сомнително го погледна.

–          Ако навистина ти треба таа работа, мораш да ми докажеш дека си квалификуван. Ми треба твое резиме, препораки…

–          Јас сум тука од обврска, не од задоволство. Дојдов да ја оправдам честта на мојот дедо, да го повратам она што му беше одземено. Затоа те молам да ми ја дадеш оваа работа.

–          Кој си ти? Кој те прати овде?

–          Како што веќе реков, јас сум внук на Мелчор Рентеира. Знам дека е убиен под наредба на сегашниот господар на овој рудник. Вадо Фалкон му зеде на мојот дедо се што имаше. Рудникот, компанијата, вилата во која живее…Знам дека ви е тешко да ми поверувате, но во името на мојот дедо, ве молам дозволете ми да ја истерам неправдата на виделина.

Тристан неодлучно го гризеше врвот на својот молив.

–          Морам да дознаам зошто Вадо ги прогонува Магдалена Ромеро и нејзината ќерка Јулиса.

Кога го слушна името на својата сакана, очите на Тристан широко се отворија.

–          Ја познаваш Јулиса?

–          Да.

–          Таа жена е љубовта на мојот живот.

–          Тогаш дај ми ја аботата која ја барам. Само така ќе ги заштитам Магдалена и Јулиса.

–          Тристан, надвор чекаат уште луѓе за интервју, – го опомена Лучо, влегувајки во канцеларијата.

–          Кажи им дека местата се веќе пополнети, Лучо. Ова е нашиот нов вработен. Се вика Диего. Дај му шлем и покажи му како се работи.

Лучо скептично го погледна слабото момче пред себе. Не му беше јасно зошто Тристан се одлучил за него кога помина многу поквалификувани и послини момци. Се прашуваше дали тоа слабо момче ќе го издржи притисокот под земја.

 

 

            Сораја се врати тоа попладне во пансионот на Магдалена. Беше среќна од резултатите на бутикот. Ги слече високите потпетици кога влезе во куќата и се упати кон својата соба, кога во ходникот пред собите наиде на Индалесија.

–          Како го помина првиот ден?

–          Подобро одошто очекував, Индалесија. Бутикот е вистински погодок. Но, тажна сум што мојата сестра не е тука за да ја споделам радоста со неа. Требаше да умре Енграсија за да се вратам. Но, не сакам да зборувам за тажни работи денес. Во бутикот се сретнав со еден стар пријател. Колега од факултет. Порано се забавуваме, но не беше ништо сериозно. Сега е уште позгоден од било кога. Најверојатно ќе се видиме повторно, – рече Сораја низ насмевка подавајки и ја визит картата која ја доби од Анттолин.

–          Антолин Варгас?, – праша Индалесија.

–          Да. Го познаваш?

–          Сораја…Енграсија последен пат беше видена со тој човек пред да биде убиена.

Ваквото сознание Сораја го прими како гром од ведро небо.

 

 

Фактот дека станува збор за одамна загубениот внук на Мелчор, беше доволна причина за Трисатн да го вработи Диего Рентеира во рудникот. Откако слабото момче го потпиша договорот, се ракуваше се шефот на смената.

–          Пред да почнеш да работиш, задолжително треба да поминеш лекарски преглед.

Јулиса не беше воодушевена од ваквата идеја. Во целиот план за преобразма во машко, не помисли дека можеби ќе треба да оди на лекарски преглед.

–          Мислам дека лекарскиот прегед е само губење на време. Јас сум совршено здрав  и уште одма можам да почнам да работам. Освен тоа, ако повеќе луѓе знаат за тоа кој сум, ако дознаат за моето потекло, помали се шансите да останам анонимен.

Тристан си призна дека Диего е во право. Ако Ектор дознае дека новиот рудар се презива Рентеира, големи се шансите и Вадо да дознае.

–          Имаш право. Не смееме да те пуштиме со тоа презиме. Од сега ќе бидеш Диего Рејес.

–          Во ред. Имам уште еден проблем. Нов сум во градов и немам каде да преспијам. Можеш ли да ми најдеш место на неодредено?

–          Зошто не се обратиш кај твоите роднини? Знаеш дека Магдалена држи пансион.

–          Пансионот на Магдалена е само за жени.

–          Во право си. Изумив. Во ред. Мојата смена заврши за денес. Дојди со мене и ќе ти најдам место.

 

 

По посетата во пансионот на Магдалена, Вадо бесен се врати дома. Особено го јадеше помислата дека Магдалена го држи во раце. Мораше да зборува со Антолин, па го побара во работната соба.

–          Што правиш?

–          Ви барам човек кој ќе го замени Матакан, дон Вадо, како што побаравте, – одговори Антолин, подигнувајки ја главата од папирологијата.

–          Остави сега тоа. Имам проблем со Магдалена Ромеро. Таа жена најверојатно ги има оргиналните докумети за концесија и дозвола за ископување на рудникот. Во замена ја бара сметката која ја имаме на Кајманските острови. Ми треба да дознаеш од каде и се тие документи на таа куртизана.

–          Зарем вие немате докумет и дозвола за ископување на рудникот, дон Вадо?

–          Мислиш ли дека вака ќе реагирав да ги имав, имбецили?! Магдалена ги има тие документи и ме држи во рака.

–          Во ред, дон Вадо. Мислам дека знам како да дојдам до документите на Магдалена. Денес сретнав една дамнешна пријателка. Сестра на Енграсија Кало. Живее во пансионот на Магдалена. Преку Сораја ќе дојдам до Голондрина и потребните документи.

–          Антолин, ми треба да рагзоварам со Касандра Алкосер, – одеднаш дон Вадо ја промени темата на раговор. – Знам дека ти и Касандра бевте љубовници своевремено. Доведи ја во куќава. Ми треба итно.

 

 

Тристан го сопре својот автомобил пред куќата на Хосе Гвадалупе. Знаеше дека неговата ќерка Капричо живее кај Магдалена, па се понадева дека има место за новиот рудар.

–          Хосе Гвадалупе, друже, запознај го новиот рудар Диего Рејес.

Хосе Гвадалупе  скептично погледна во момчето кое со своите 45 килограми делуваше слабо и нестабилно.

–          Диего е нов во градот и нема каде да преноќи. Помсилив дека…

–          Тристан, жалам но куќата ми е полна. Кај мене се Рене и неговата сопруга која треба да се породи во секој миг. Зошто не го одведеш дома?

–          Со мајка ми и Дамијана?, – цинично праша Тристан. – Не верувам дека е најдобра идеја. Во секој случај, ти благодарам. Се гледаме.

Кога се вратија назад во автомобилот, Јулиса го праша Тристан; – Каде ме водиш?

–          Кај мене дома. Од вечерва ќе престојуваш во мојата куќа.

 

 

 

Тристан не беше ни свесен дека Дамијана го очекува во куќата на неговата мајка со изненадување. Имаше нарачано јапоснка вечера од ресторанот и ја имаше послужено на трпезариската маса.

Тристан влезе во куќата, носејки ја Јулиса, претворена во момче. Дамијана и Сгарарио се погледнаа меѓу себе.

–          Што значи ова, Тристан? Кој е ова?, – го праша неговата мајка.

–          Мајко, ова е Диего Рејес, нов колега од рудникот. Диего е нов во градот ќе остане во куќава на некое време. Диего, слободно истуширај се. Ќе спиеш со мене во собата. Во ходникот, првата лево.

Јулиса со спуштена глава се провлече покрај Саграрио и Дамијана. Тивко ги поздрави исплашена дека ќе биде разоткриена.

–          Љубов моја, – мазно Дамијана му се обрати на Тристан. – Порачав вечера само за нас двајцата.

–          Не сум гладен, ниту су твоја љубов, Дамијана. Колку побрзо го сфатиш тоа, толку подобро за двајцата.

Слушајки го ваквиот тон на Тристан, Јулиса сфати дека цело време тој ја зборувал вистината. Сфати дека двајцата биле во стапица и малверзација на таа жена.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …