Почетна / МК Сцена / Динамичен и културен маратон на „Пин Фестивал“ на 13 декември на МРТ 3

Динамичен и културен маратон на „Пин Фестивал“ на 13 декември на МРТ 3

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во забавен телевизиски формат, со времетраење од 13 часа.

Карактерот на ПИН е динамичен, а целта е на уникатен начин да ги документира сите случувања од светот на музичката индустрија во изминатиот период.

Културен маратон со преку 200 гости од над 40 земји.
Премиерата на ПИН ТВ ексклузивно ќе се емитува на 13-ти декември (недела), под наслов “24 hour NO party people“, на МРТ 3, како и на официјалните Facebook & Youtube канали на Таксират Фестивал и ПИН.

Првото издание на ТАКСИРАТ се одржа во 1999 година и од тогаш овој уникатен фестивал сè уште се одржува секоја година и сè уште има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата.

И покрај тоа што денес на сцената на Таксират настапуваат големи светски и регионални музички ѕвезди, фестивалот сè уште успева да не премине во класичен комерцијален меинстрим настан и успева да го задржи својот оригинален имиџ со тоа што сè уште е цврсто заснован на темелите од своите почетоци односно идеалите и вербата во значењето на контра-културата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лешочки Фолк фест 2021 во пресрет на Голема Богородица

Во петок на 27.08.2021 г. во 20ч. во пресрет на големиот православен празник Голема Богородица, …

error: Содржината е заштитена!