Почетна / Телевизија / Македонскиот мелос во модерна варијанта ги освои „Пинк ѕвездички“

Македонскиот мелос во модерна варијанта ги освои „Пинк ѕвездички“

 

Со ритмична песна од Каролина, нашето девојче ги разигра Ѕвездичките

 

Малата Драгана Јовановска во најновата емисија на “Пинк ѕвездички” го проби мразот, настапи прва вечерта и успеа да ги освои сите пет гласа кои ја носат во следниот круг од музичкото натпреварување.

 

 

Нашата Македонка во петтиот круг од шоуто се претстави со “Вези, вези”, една од највеселите песни од “Македонско девојче 2” на Каролина Гочева. Македонскиот етно мелос проткаен во модерна варијанта, а сега и низ гласот на малата Македонка звучеше одлично и ги освои сите во студиото. Жирито на шоуто се забавуваше постојано во текот на песната, иако за нив ова беше нов и специфичен звук.

 

 

– Фино, убаво, разиграно, слатко – кратко искоментира Сергеј Четковиќ, на што Томашевиќ додаде дека Драгана одлично плива во оваа песна, добро се снашла со нејзиниот убав вибрато и глас.

– Голем број луѓе од Србија и не го разбраа можеби текстот на песната. Но, јас го разбрав. И сите тие ја разбраа оваа убава интерпретација и тоа е моќта на твојот глас и твојата енергија. Божествена си. Ти честитам, ова е навистина супер. – со пофални зборови се одвои и Гоца Тржан.

 

 

Оваа сезона на Ѕвездичките, за жал, не се емитува во Македонија, но затоа како ТВ портал чувствуваме обврска кон сите мали, но големи ѕвездички да напишеме за нивните настапи кои не прават горди и среќни.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За оваа есен, Алфа најавува ТВ содржина од ланската сезона?

На веб страната на телевизија Алфа не постои дел во кој ќе бидат претставени сите …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!