Почетна / Забава / Доаѓа Billy Idol, Скопје навистина ќе гори!

Доаѓа Billy Idol, Скопје навистина ќе гори!

 

Авалон Продукција со големо задоволство информира, дека вашите желби се исполнети. На 27-ми јуни 2014. година на Скопско Кале open air со целовечерен концерт во Скопје доаѓа човекот кој пред 4 години го одржа најдобриот rock& roll концерт во Скопје на сите времиња. Големиот мајстор, човекот ѕвер, човекот кој има повеќе хитови и големи песни отколку што некои други имаат било какви песни воопшто … Billy fucking Idol!

Човекот кој во живо секогаш се дава 200 % од себе, доаѓа во Скопје во склоп на својата европска Greatest Hits турнеја, а се разбира дека во бендот ќе биде придружуван од навистина генијалниот гитарист Steve Stevens. Повеќе информации околу специјалните гости на event – от, цената на влезниците и датумот на нивно пуштање во продажба, ќе бидат објавени неколку денови после концертот на Simple Minds во Скопје на 6-ти март.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стенд-ап на 4 август во Охрид – „Ова не е нормално“ со Марјан и Бојан

На 4 август, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, ќе се случи вистински …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!