Почетна / Сапуници / Пред „Ергенот“, Дефне беше пејачка во „Бурни времиња“

Пред „Ергенот“, Дефне беше пејачка во „Бурни времиња“

 

Пред Ергенот, таа била дел од кастот и на “Бурни времиња” 

 

 

Елџин Сангу е една од најплатените турски селебрити за потребите на рекламни спотови и кампањи. Родена на 13 август 1985 година, завршила опера на Универзитетот во Мерсин, по што продолжила да се занимава со актерство. Улогата која ја постави на патот кон славата и ја направи една од најуспешните турски млади актерки е улогата на Дефне во мега хитот “Вљубениот ерген”.

 

 

За оваа улога, има добиено над 30 награди и признанија, меѓу кои и оние на престижната Златна пеперутка. Но, пред да се појави во оваа романтична комедија, Елџин глумеше епизодна улога и во “Бурни времиња”. Некои ја паметат, некои не, но ние сме тука да ве потсетиме. Во серијата, таа е дел од бендот на Мете каде ги покажува своите гласовни способности и свири на пијано, a истовремено беше и во кратка љубовна врска со Мете.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Циклус на италијански драмски серии на Телма во новата година

Италијанска продукција по празниците следува на Телма. Во прајмтајм, во добро познатиот термин по Топ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!