Почетна / Забава / Рио Кафе наградува секој месец автомобил Пежо 107

Рио Кафе наградува секој месец автомобил Пежо 107

 

Добитник на првиот автомобил Пежо 107 од наградната игра на Рио Кафе е Предраг Ѓорѓиевски, а уште 11 автомобили ќе бидат доделени, секој месец по еден до крајот на годината. Наградната игра Отвори и добиј! на компанијата Рио Кафе започна на 15 јануари и ќе трае до 15 декември 2014 година.

 

 

– „Браво кафето е моето омилено кафе кое го консумирам секојдневно. Откако почна наградната игра, при секое купување кафе погледнував внатре во кесичката со големо исчекување и желба да добијам автомобил. Искрено, целото семејство се израдувавме кога ја здогледавме добивката. Сега можеме со семејството да патуваме низ Македонија и да пиеме Браво кафе“, вели Предраг Ѓорѓиевски, сопственик на првото Пежо 107.

 

 

Носител на наградните автомобили е кафето Браво премиум во пакувањата од 100, 200 и 500 грама. Наградите се впишани во внатрешната страна на пакувањето со три исти симболи што ја означува добивката. „Ние Македонците сме едни од поголемите консументи на кафе со добро изграден критериум, знаеме да препознаеме квалитет и кафе со одличен вкус. Дотолку е поголемо значењето што во големиот избор од кафиња, присутни на нашиот пазар, потрошувачите го избираат токму нашето. Тоа е главната причина да ја организираме највредната наградна игра, создадена од една компанија, со цел да возвратиме и ја наградиме довербата дадена од нашите потрошувачи“, изјави Кирил Андоновски, извршен директор на Рио Кафе. Вкупниот награден фонд е 12 автомобили, секој месец по еден автомобил и уште многу други награди исто така означени на внатрешната страна од пакувањето. Компанијата Рио Кафе е најголемиот македонскиот производител на кафе, присутна на пазарот со 12 видови кафе во различни пакувања. Покрај што се издвојува со богата понуда на производи, приоритет на компанијата е преработка на квалитетните зрна кафе увезени директно од земјите на нивното потекло, Бразил, Индија, Колумбија и Јемен.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …