Почетна / Телевизија / Х Фактор / Овој вторник нема да има live издание од „Х Фактор“

Овој вторник нема да има live издание од „Х Фактор“

 

Во вторник на 11.02 наместо live издание од „Х Фактор“ ќе се емитува специјално издание наречено Запознај го својот фаворит. Шестото live издание ќе биде заменето со специјал поради епидемија на грип. Голем дел од учесниците во шоуто и луѓе од техничката екипа кои го реализираат ова шоу се грипосани.

 

 

– „За жал, епидемијата на грипот моментално владее во Х Фактор, па затоа испланиравме пауза која треба да се случи после половина од емитувањата на live изданијата, следното шоу во живо го поместивме само за една недела, се приближуваме до финалето и ова е вистински момент да направиме пресек на нивните досегашни настапи, изјави и впечатоци“, стои во соопштението на продукцијата испратено до ТВ Пакет.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …