Почетна / Телевизија / 1 ТВ со најпознатите документарни „Приказни од светот“ од BBC

1 ТВ со најпознатите документарни „Приказни од светот“ од BBC

Вклучете се и вие во 76-те милиони гледачи ширум светот кои секојдневно ги пратат најзначајните светски приказни во познатиот документарен серијал на Би би си. 1 ТВ ексклузивно ќе ви ги приближи актуелните случувања во светот, луѓето кои ја напишаа историјата и настаните кои влијаеа на големи промени.

Интересни приказни од светот за значајни, но и секојдневни личности кои ќе споделат моменти за паметење. Од некои од документарните приказни ќе се шокирате, од некои ќе се натажите, некои ќе ве заинтригираат, но сите ќе ви го задржат вниманието.

Социјални битки, политички договори кои ја одредуваат иднината, пороци кои уништија животи, места за кои не сте знаеле, традиции кои допрва ќе ги запознаете… Вистински животни судбини за вистински човечки херои наскоро на 1 ТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По спроведен јавен конкурс, избран е нов директор на МРТ

По спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!