Почетна / Серии / Цртаната серија за „Калимеро“ во ново руво се враќа на Сител

Цртаната серија за „Калимеро“ во ново руво се враќа на Сител

 

“Калимеро, нема правда” секој викенд во цртаниот блок на Сител телевизија

 

Се сеќавате ли на популарното пиле Калимеро од истоимената детска серија од 90-тите?

 

 

Првото испилување во шеесетите беше за италијански бренд на детергенти и сапуни, за веќе во седумдесетите да биде пренесен во анимирана серија. Вистинската слава сепак ја доживува во 1992 година кога излегува втората серија од франшизата за несреќното црно пиле, единстено такво во семејство на жолти пилиња.

 

 

Славниот цртан јунак Калимеро, по повод своето 50 годишно постоење се враќа на малите екрани со нова 3Д анимирана серија. Иако и понатаму се движи со лушпа од јајце на глава, повторувајќи дека се е неправда, Калимеро сепак многу се сменил.

Во духот на новото време веќе не се препушта на меланхолијата, туку ги зема работите во свои раце и наоѓа решенија. Тука се повторно неговата девојка Присила, зелената птица Валеријано, богаташката Сузи, Розела итн.

 

 

Новата серија е создадена во италијанско – француско – јапонска продукција и има 106 епизоди во траење од по 11 минути. Од следниот викенд, авантурите на црното пиле продолжуваат на Сител телевизија, единствена македонска телевизија која емитува премиерни цртани серии.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Наркосите“ на Телма во новите епизоди се „селат“ во Мексико

Од Колумбија, продуцентите на “Наркос” се селат во Мексико. Како започна и како се развиваше …

error: Содржината е заштитена!