Почетна / Серии / Втората сезона од серијата за градот на Бетмен продолжува на Телма

Втората сезона од серијата за градот на Бетмен продолжува на Телма

 

Крими серијата на Warner Bros и Фокс продолжува на Телма

 

 

Од среда, 2 мај, во 20.30 часот на Телма телевизија започнува втората сезона од крими акцијата “Готам”. Од понеделник до петок по Топ Тема ќе ја следите приказната за градот Готам во времето пред Бетмен. Приказната започна со убиството на родителите на малиот Брус Вејн, а во центарот на настаните во првата сезона беше детективот Џејмс Гордон кој се бори против криминалот кој владее во овој град.

 

 

Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…

Веќе во почетокот на новата сезона, Гордон е отпуштен и се здружува со Кобелбот со цел да биде вратен. Освен овие ликови, се запознаваме и со други кои ќе решаваат случаи на убиени манијаци од лудницата Аркам.

 

 

Војната која ќе го преземе овој град и понатаму ќе носи голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. 

 

 

Главните улоги ги толкуваат Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд Лог, а во САД во моментов се емитува четвртата сезона.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply