Почетна / Серии / Влезете во светот на модата и музиката со „Меѓи и Бјанка” на Сител

Влезете во светот на модата и музиката со „Меѓи и Бјанка” на Сител

 

Сабота и недела во 10.30 часот на Сител – нова детска серија

 

 

Од утре на Сител телевизија во 10.30 часот наутро започнува новата тинејџерска серија “Меѓи и Бјанка”, надсинхронизирана на македонски јазик. Тин ситкомот за модерните пријателки е во италијанска продукција и се уште во фаза на емитување во матичната земја. Во улогата на Меѓи ја гледаме италијанската актерка Емануела Реи, а во улогата на Бјанка ќе настапи Џорџија Бони.

 

 

Серијата започнува кога американското девојче Меѓи добива стипендија за да учи на Академијата за мода во Милано, наjпрестижно училиште од тој тип во целиот свет. Во новото училиште се запознава со Бјанка, ќерка на моќен и богат италијански магнат во модната индустрија.

 

 

 

Двете доаѓаат од сосема различни средини и имаат спротивни карактери, па затоа меѓусебното запознавање нема да помине сјајно. Но, како минуваат деновите, Меѓи и Бјанка успеваат да се запознаат подобро и заедно да зачекорат кон врвот во модниот свет. Истовремено, формираат музички бенд во кој ќе ги покажат своите музички таленти и способности.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!