Почетна / Телевизија / Започна осмата сезона од ток шоуто „Еден на еден“ со Жаре на Телма

Започна осмата сезона од ток шоуто „Еден на еден“ со Жаре на Телма

 

Во следната емисија, гостин е Жељко Јоксимовиќ

 

Вчеравечер во сабота на 12 ноември на Телма телевизија започна осмата сезона од забавното шоу “Еден на еден” со Жаре. Шоуто почетоците ги имаше на некогашната А2 телевизија, потоа премина на Алфа, за последните сезони да се емитуваат на Телма телевизија и тоа во сабота, со почеток во 19.15 часот. 

Гостин во првата емисија од осмата сезона беше Бора Чорба, а покрај него ги гледавме и Никола Ѓуричко, Џуле Ван Гог и Антонија Гиговска. 

 

 

Како што вели Жаре, авторот и водител на емисијата, во новата сезона гледачите треба да очекуваат уште повеќе забава, подобар хумор, и повеќе сегменти кои што ќе им донесат задоволство на лицата на публиката. Во студиото има некои новитети, како и во тимот кој работи. Истите луѓе од минатата сезона се тука, но додадени се неколку нови сценаристи од Македонија и Словенија.

 

 

За втората емисија, која ќе ја гледате следната сабота, за гостин се најавува Жељко Јоксимовиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!