Почетна / Серии / Прва скопска МТМ со реприза на СФ хорор серија во прајмтајм

Прва скопска МТМ со реприза на СФ хорор серија во прајмтајм

Прва скопска МТМ телевизија по долг период на премиерни серии од понеделник започнува со репризи во прајмтајм. Од понеделник до петок во 20.35 часот ќе се емитува американската серија “Сибир”, која премиерно заврши минатата сабота. Емитувана на NBC во 2013 година, серијата брои 11 продолженија и е направена во стил на реално шоу.

14 натпреварувачи заминуваат во Сибир да снимаат реално шоу. Но веднаш по доаѓањето и започнувањето со снимањето, продукцијата ги напушта и започнуваат да се случуваат чудни и необјаснливи ситуации. Еден од натпреварувачите умира, а другите го прифаќаат тоа како несреќа. Но, кога сфаќаат дека местото каде што се дојдени е место на хоророт и ужасот, решаваат со здружени сили да се изборат против опасноста.

Многумина ја споредија “Siberia” со филмот “The Blair witch project” и серијата “American horror story : Roanoke”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

error: Содржината е заштитена!