Почетна / Телевизија / МТВ Метео со Глигор

МТВ Метео со Глигор

МТВ со новиот потег наскоро ќе биде единствената телевизија кај нас што ќе емитува временска прогноза како што доликува – со презентер. Но тоа не е било кој презентер. Иако на А1 се појави како тотален анонимец, Глигор Митковски за кратко време стана особено популарен лик во својата бранша.

 

Таканаречениот “Џемперко” не е единствената новост кај МТВ, во зголемувањето на гледаноста на националниот сервис ќе се обиде да помогне и спортскиот новинар Драган Николовски (А1), а се шпекулира дека друштво наскоро ќе му прават колегите Горан Стерјов и Тони Стојановски. За да ја задоволат љубопитноста на гледачите, МТВ објавија две видеа од пробата на овие презентери.

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!