Почетна / Серии / 7 часа шминкање и Расел Кроу стана десетици килограми подебел

7 часа шминкање и Расел Кроу стана десетици килограми подебел

Како никогаш во кариерата, Расел Кроу за време на снимањето на серијата „Најсилниот глас“ која се емитува на Телма, мораше да се соочи со голем предизвик. Успеа да го симне тонот, гестикулациите и одењето на Роџер Ејлс, легендарен ТВ продуцент и менаџер на Фокс Њус.

Но, проблемот беше како мускулестиот и долгокос Расел да се претвори во дебелиот и слабо подвижен Роџер. Холивудската шминка требаше да помогне во ова остварување на Шоутајм кое се емитува на Телма.

Шминкерското столче беше дестинација на која актерот Кроу поминуваше часови. За шминката беше задолжен искусниот филмски шминкер Едриен Моро чие име се појавило на над 130 шпици на филмови и серии.

-Првото пробување беше речиси психолошко заплашување, вели Кроу за 7-часовната потрага на филмскиот сет за да се најде вистинско протетичко средство со кое неговата спортска фигура ќе стане проблематичното тело на Роџер Ејлс.

На крајот од првата шминкерска сесија која траела речиси 7 часа, откако нашле вистинска протеза за новото секако налепено лице на неговиот филмски лик, Кроу имал можност да се пошегува.

-Сега саму како постар и покрупен брат на Дени ДеВито, рекол Кроу.

Кроу признава дека му било комплицирано да го игра и глуми поранешниот шеф на Фокс Њуз Ејлс (познат по конзервативните и антилиберални ставови) којшто е дел од многу поинаков политички свет од оној во кој вообичаени политички се движи демократот Кроу.

Најтешката задача му било да ги изведе „анти-Обама“ репликите. Затоа „бегството“ во шминкерскиот стол му било продуктивно на актерот кој дојде од Австралија и се вдоми во Холивуд.

Маската врз лицето буквално се лепи и со неа актерот мора да ги помине своите сцени на филмскиот сет. Распоредот на снимање особено на главниот лик трае по цел ден, што значи дека и во реалноста надвор од сцените маската е на лицето на актерот.

Претходното искуство му помогна на Кроу кој знаеше дека ако му се нанесе премногу латекс-лепило во пределот на вилицата и носот, станува тешко за зборување, а што исто така е потребно да се долови филмскиот лик на сцената. Затоа актерот напорно работеше со шминкерот Моро за да на крај секојдневната шминкерска рутина да ја донесат на ниво на спортски натпревар. По првичните проблеми и долги сатници на столчето за шминкање на крај, шминкањето се скусило на околу 2 и пол часа.

Голем проблем била тежината на маската,тежела околу 4,5 килограми и била залепена на лицето на Кроу. Голем притисок од тежината оди во пределот на грлото, па актерот морал добро да се подготви да го издржи снимањето и да одглуми како што знае беаз да му затрепери гласот. Моро во шега додава дека за да му олесни на Кроу не му правел класична фризура туку му ставил само неколку тенки „бесни“ прамени на темето на актерот.

Немало потреба за повеќе бидејќи уште од времето на американскиот претседател Роналд Реган, имало малку коса на главата на Роџер Ејлс. А Ејлс соработувал и со Ричард Никсон во 1968-ма, со Реган, Буш сениор и јуниор, го мразел Обама, но го обожувал Трамп кого преку Фоксњус успеа да го продаде на милиони Американци како најдобар избор.

Во серијата се прикажани сите фази на развојот на новата брзо растечка и веќе со години најпопуларна американска News кабловска телевизија, како и односите на менаџерот Ејлс и австралискиот медиумски магнат и могул Руперт Мардок.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!