Почетна / Телевизија / Криминалистичко – документарна серија на Алфа

Криминалистичко – документарна серија на Алфа

 

Реконструкција на најголемите српски криминални случаи на Алфа

 

Од вечерва па секој нареден понеделник во 21 часот, Алфа телевизија ќе ја емитува документарната српска емисија “Досие”, снимена од Прва српска телевизија. Сличен обид Алфа направи лани со снимање на македонска верзија наречена “Алфа акција”.



 

Авторот на оваа документарна серија, Машан Лекиќ, отвора полициски досиеа за да ја открие позадината на криминалот. Оваа, српска верзија на „Фокс Крајм“, ги реконструира злосторствата кои ни се случувале или се случуваат пред очите на граѓаните, а сепак се покриени со мистерија.
 
Убиства, грабежи, киднапирања, трговија со луѓе… ќе се најдат во фокусот на овие криминални приказни. Во дел од приказните ќе се биде филмски реконструирано настанувањето на најголемите белградски мафијашки кланови Земунски и Сурчински, кои ги победиле другите мафијашки кланови и станале посилни и од државата.
 
 
Некои од епизодите на овој серијал имаат добиено специјално признание од жирито на европскиот фестивал “Детектив фест”.
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!