Почетна / Забава / Евровизија / Дали МРТ нешто крие во врска со „Евровизија“?

Дали МРТ нешто крие во врска со „Евровизија“?

 

Во врска со анкетата објавена на МРТ страницата за учеството на Македонија на Евровизија за само два дена дознавме детали кои ги нема на нивната веб страница.

 

 

Вчера повеќе веб портали во Европа ја објавуваат оваа информација со назнака дека Македонија веќе најавува оти ќе се откаже од ова музичко натпреварување. Конкретно на оваа страница истакнуваат дека имаат информација оти МРТ ќе го земе во предвид мислењето на публиката при одлуката за учество на Македонија на Евровизија. На официјалната страница поставени се трите прашања, но нема назнака дека тоа ќе биде одлучувачко за нашето учество на Евровизија. Тие самите објавуваат анкета со истите прашање каде сите од Европа може да гласаат, таму резултатите се различни:

На прво место е изборот да биде од Скопскиот фестивал.
На второ место е изборот да биде интерен како досега.
На последно место е Македонија да не учествува.
На страницата на МРТ резулатите се обратни.
И сега се поставува прашањето што всушност се крие зад оваа анкета?

Дали македонската ТВ веќе одлучила да не оди на Евровизија, а сега само бара начин и изговор дека така сака народот? Кога е повеќе од очигледно дека на таа анкета некој намерно може да гласа цело време за тоа Македонија да не учествува, и после само да каже, така сакаше народот и ние така решивме. На сите ни е јасно дека народот никогаш можеби не одлучувал кој да учествува по повеќето скандали за овој избор. Секогаш претставникот во името на народот беше победник и тоа преку Скопскиот фестивал или било каков избор и да имало таа година. Сите сме свесни дека не победуваше секогаш најдобрата песна и најдобрата изведба. Одамна се знаеше кој ќе биде победникот уште пред да се одржи натпреварувањето. Интерниот избор беше најмалку скандалозен бидејќи тој секогаш однапред имаше избрано изведувач и тимски се работеше на песната или песните. Досега таков интерен избор имаше во 2004. година кога Тоше влезе во финале, 2005. година кога Мартин Вучиќ влезе во финале (иако беше најскандалозен избор досега) и 2012. кога исто така Калиопи влезе во финале. Интерниот избор за жал не беше успешен за Лозано и Есма (поради лошите песни) и годинава поради Тијана (повторно не толку добра песна и празна сцена која блесна за сите други натпреварувачи).

Ако пак погледнеме од Скопскиот фестивал кој досега бил најуспешен ќе видиме дека оттаму всушност ги имаме и најслабите пласмани:

1998. Владо Јаневски 19 место само 16 поени.
2000. XXL 15 место со 29 поени.
2002. Каролина 19 место со 25 поени.
2007. Каролина 14 место со 73 поени.
2009. Некст тајм не сме во финале 10 место во полуфинале со 45 поени.
2010. Ѓоко Танески не сме во финале 15 место во полуфинале со 37 поени.
2011. Влатко Илиевски не сме во финале 16 место во полуфинале со 36 поени.

Остануваат годините 2006. и 2008. каде немаше Скопски фестивал, туку имаше класичен национален избор за претставник. 2006. Елена Ристеска во Атина на полуфиналето била на 8 место со 76 поени и во финалето 12 со вкупно 56 поени досега најдобриот пласман. 2008. Тамара, Адријан и Врчак не влегуваат во финале 11 место во полуфинале со 64 поени. Вие проценете што е успех, а што неуспех и како Македонија треба да се претстави.

Срамота е на 60-годишнината од Евровизија нашата земја да не биде присутна во Виена наредната година, на еден таков јубилеј каде што најверојатно ќе бидат присутни и повеќе земји бидејќи веќе досега се сигурни 20 учесници и уште толку се сигурни дека ќе се натперваруваат. Наместо да се смисли начин како да се претставиме што подобро, ние бараме начин како народот да е виновен овојпат што нема да учествува. Македонија има докажано дека е способна да ги претстави своите музички таленти како што треба, Тоше, Каролина, Елена и Калиопи биле забележани од музичка Европа и затоа имале подобри пласмани.

Регионалниот Икс Фактор докажа дека наш талент дури може и да победи на вакви натпреварувања, останува енигмата која е целта на МРТ.   

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!