Почетна / Забава / Поради пандемијата,, „Ohrid Calling” се одложува за следната година

Поради пандемијата,, „Ohrid Calling” се одложува за следната година

Aвалон продукција со соопштение до своите фанови и македонската јавност, која знае што е квалоитет. Во продолжение соопштението во целост :

“Драга наша OHRID CALLING армијо,

Со огромно жалење ве информираме дека иако Комисијата за заразни болети во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме OHRID CALLING да го одложиме за следната година.

Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.

Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!

Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал!

А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авалон го започнува концертното лето со Амира Медуњанин на 9-ти август

Авалон продукција со огромно задоволство го најавува првиот проект од концертите што ќе ги организираат …

error: Содржината е заштитена!