Почетна / Серии / Ѕвездата на “Бубалици” со нов изглед

Ѕвездата на “Бубалици” со нов изглед

Пени со нова фризура – утре на премиерата на осмата сезона на “Бубалици”

 

 

Во новата сезона на “The big bang theory”, актерката Кејли Куко која ја предводи женската екипа ќе се појави со малку изменет изглед. Пени во осмата сезона од светски популарната серија ќе има кратка коса, но тоа нема да ја смени нејзината сексипилност која и вака и онака, актерката ја има.

“Косата ја скратив поради потребите на еден филм кој го снимав ова лето. Но тогаш дојде прашањето, што со Пени во серијата? За новата сезона на The big bang theory размислувавме многу околу додавање на екстензии на косата на Пени, но сепак на крајот заедно со сценаристите одлучивме дека мојот лик во серијата заслужува една ваква промена. Мислам дека ќе биде многу добро за Пени во новата сезона, сите се чувствуваме кул што Пени доби еден сосема поинаков изглед.” – вели актерката за Entertainment Weekly.

 

 

Пени е мелем за очи за машкиот дел од публиката, она е русокоса, претставена и како малку глупава, но реална девојка која внесува свежина и нови идеи во животите на бубалиците. Актерката која ја толкува нејзината улога стекна светска слава благодарение на овој лик, дури позираше за реномирани магазини како што e Maxim. Заедно со актерите кои ги толкуваат улогите на Шелдон и Ленард, потпиша договор на заработка од 1 милион долари по епизода. Досега Пени, Ленард и Шелдон земаа по 325 илјади долари по епизода, но од сега нивната заработка тројно ќе се зголеми. Договорите им важат до крајот на 2017 година, што значи дека не очекуваат со сигурност уште три сезони хумор и забава со Пени, Шелдон, Ленард, Раж, Хауард, Ејми и Бернадет.

 

 

Ако зборуваме малку за приватниот живот на актерката, тогаш може да се спомене нејзината веридба со тенисерот Рајан Свитинг минатата година.

Во врска со модата и стилот, плакарот на актерката е исполнет со дизајнерска облека и многу обувки и модни додатоци. „Кога ја купив куќата, знаев дека сакам да претворам една спална соба во мојот плакар од соништата. Сонував за ова цел мој живот и го посакував повеќе од сè. Сакав рај само за девојки, каде што ќе можам да се подготвувам за настани и да ги складирам сите омилени модни парчиња“ – изјавила таа.

Низ брендираните модни парчиња најчести се чантичките Chanel и Prada и блескавите обувки Miu Miu, за кои Кејли вели дека ѝ се омилени.

 

 

„Колку и да го сакам мојот лик, Пени, не се согласуваме во однос на модата. Пени носи многу светли бои, што е одлично за шоуто, но јас се држам до неутралните бои. Носам многу црно, сиво и бело. Бојата ја оставам за моите обувки“ – вели Кејли за својот стил.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма …