Почетна / Телевизија / Што ќе понуди Телма во оваа сезона

Што ќе понуди Телма во оваа сезона

 

 

 

Новата програмска шема на Телма телевизија нуди нови содржини кои сепак го задржуваат препознатливиот квалитет и реноме на она што значи Телма за телевизискиот свет.

Во 7 часот наутро ќе се емитува новата теленовела “Измамничка”, за која веќе пишувавме. По неа, во 8 часот наутро започнува утринската емисија “За добар ден”. Тема на емисијата во понеделник ќе бидат младите и забавата, спортот и танцувањето, а водителското место му припаѓа на Борко Станоевски. Утринските приказни и новите хоризонти ќе ни ги претстави Марија Атанасовска во вторник, а во среда Катерина Тодевска – Спасиќ ќе ги буди познатите, ќе не носи на час по пеење и ќе ни го исполни денот со многу музика. Емисијата на Тања Трајковска (Тоа сум јас) од сега ќе ја гледаме во утринско издание во четврток во еснафските муабети со гостите, а пак во утринскиот термин се сели и Снежана Јаначковска – Богдановска која секој петок ќе зборува за модата и трендовите.

 

 

Од 11 до 12 часот ќе се емитуваат цртаните серии “Пчеличката Маја” и “Легендите за Чима”, а наскоро започнуваат и нови цртани серии.

Термините за вести од сега се 12:30, 15:30, 18:30 и 22:30.

12 часот е термин за документарна емисија за необичните животни, а пак 17:45 часот ќе се емитува уште една документарка.

Во 14 часот започнуваат попладневните серии. Прва е руската “Браќа Карамазови”, а по неа во 14:50, британскиот сиком “Фаличен пансион”. Серијата зборува за доживувањата во еден британски хотел чии сопственици се семејството Фолти (Фалични), а тука се и готвачите кои ќе ве засмејуваат секојдневно по триесетина минути.

 

Од сега цел прајм тајм на Телма ќе биде исполнет исклучиво со странски серии од англиско говорно подрчаје. Прва во редот од 19:15 часот е “Годините поминуваат” (As time goes by). Се работи за семејна хумористична серија која е снимана во деведесетите во В. Британија , а од новите светски хитови тука се:

 

ЛИЦА ЗА ОТСТРЕЛ (Person od interest)
понеделник – петок, 19:50 часот ( премиера ), 23:00 и 17:00 ( реприза )

Се работи за криминален трилер за еден поранешен агент на ЦИА кој се здружува со мистериозен милијардер за да спречи силни криминални дејства користејќи свој сопствен бренд на одмаздничка правда. Специјалниот тренинг на Риз (Џим Кавизел) во прикриени мисии го привлекува Финџ (ЕМИ победникот, Мајкл Емерсон), инаку софтверски гениј кој измислил програм кој следи препознавање на шаблони за да препознае луѓе кои допрва ќе учевствуваат во насилни и криминални акти. Користејќи ја оваа уметничка присмотричка технологија, двајцата работат надвор од законот користејќи ги стручните вештини на Риз и Финчовите неограничени богатства за да ги расплетат мистериите на лицата за отстрел и да го запрат криминалот пред истиот да се случи. Акциите на Риз го привлекуваат вниманието на полицијата на Њу Јорк, вклучувајќи го и детективот од одделот за убиства Картер и Фуско, полицаец кој Риз го користи за своја корист. Со бесконечно многу криминали за испитување, Рис и Финч сфаќаат дека вистинската личност, со вистинската информација во вистинско време, може да смени се’.

 

СТРЕЛА (Arrow)
понеделник – петок, 20:35 часот ( премиера ), 23:45 и 16:15 ( реприза )

“Стрела” е серија базирана на стрип јунак. После силниот бродолом, милионерот и плејбој Оливер Квин беше исчезнат и претпоставуван за мртов пет години пред да биде откриен жив на далечен остров на Пацификот. Кога тој се враќа дома во Старлинг, неговата верна мајка Моира, и сакана сестра Теа, и неговиот најдобар пријател Томи му посакуваат добредојде, но тие чувствуваат дека Оливер е променет од неговото тешко искушение на островот. Сега тој бара помирување со својата поранешна девојка Лорел Ленс. Оливер се поврзува повторно со своите најблиски, и тајно ја содава личност Стрелач – одмаздник, кој сака да ги оправда неправдите создадени на неговото семејство, да се бори со злото на општеството, и да го врати градот Старлинг на своја поранешна слава. Преку ден, Оливер ја игра улогата на богат, безгрижен човек кој ги крие своите сексуални афери, додека внимателно ја крие тајната на својот идентитет под закрилата на темнината. Како и да е, таткото на Лорел, детективот Квентин Лонс, е решен да го уапси одмаздникот кој оперира во неговиот град. Во меѓувреме, мајката на Оливер знае многу повеќе за смртоносниот бродолом, и тој е многу повеќе безмилосен отколку што можеше да замисли.

 

НИСКИ УДАРИ (Underbelly)
понеделник – петок, 21:30 часот ( премиера ), 00:30 ( реприза )

“Ниски удари” е австралиска серија која е базирана на вистински настани, како што се гангстерските убиства во Мелбурн од 1995 година, убиоства во диско клубови, убиства во минатото, акции на подземјето во втората половина на минатиот век и така натака, како и вистински криминални стории за познати нарко дилери, трговци со луѓе и опасни луѓе од австралиското подземје.

 

За време на викендите ќе се емитува француската серија “Џо” и премиерните блокбастери во 20 часот.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!