Почетна / Серии / Шестата сезона од „Луд, збунет, нормален“ започна на Алфа телевизија

Шестата сезона од „Луд, збунет, нормален“ започна на Алфа телевизија

 

Новите авантури на Изет на Алфа телевизија во 19:55 часот

 

 

Oд минатата недела, без некаква најава, почнаа најновите епизоди на босанскиот ситком “Луд збунет нормален” на Алфа телевизија од 20:00 часот. Се емитуваат епизоди од шестата сезона на серијата, досега неемитувани во Македонија. Серијата сеуште се снима поради големиот успех кој го има во Босна, Хрватска и Србија.

Во најновите епизоди и понатаму настапува вонредно квалитетната глумачка екипа на чело со маестралниот Мустафа Надаревиќ. Негови партнери во лудориите остануваат Сенад Башиќ, Муамер Косумовиќ, Тања Шојиќ, Жана Марјановиќ… Продуцентите и во продолжението на серијата ја задржаа праксата во одделни епизоди да настапуваат и познати глумачки имиња од останатите поранешни ју републики како што се Боро Стјепановиќ, Горан Навојец, Нивес Иванковиќ, Драган Маринковиќ… 
 
 
 
 
„Луд, збунет, нормален“ е босанска телевизиска серија која започна да се емитува уште во 2007 година и сеуште предизвикува голем интерес и затоа постојано се снимаат нови циклуси.
Приказната се врти околу трите генерации на семејството Фазлиновиќ кои живеат во еден стан во Сараево. Најстариот е Изет (Мустафа Надаревиќ), кој има син Фарук (Сенад Башиќ), кој, пак, има син Дамир (Муамер Косумовиќ). Наскоро ќе се роди и четвртата генерација Фазлиновиќ, синот на Дамир, Џемо за да биде комплетна веселата, луда и збунета фамилија.
 
Како и да е, Изет и понатаму е лудиот, Фарук е збунет, а Дамир, нормален колку што може да се биде нормален во едно вакво семејство кое секојдневно предизвикува смешни ситуации и во нив ги вовлекува сите околу нив. Новите епизоди со живописните ликови од среда и во Македонија.
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди